Позитивен менаџмент и самоефикасност
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Размислувајте позитивно. Позитивното размислување не значи посакување да се остварат желби или соништа, туку претворање во позитивен тек на повеќето ситуации во кои ќе се најдете, избегнувајќи да се насочат во негативен правец. Денес не е доволно само да знаеме како да живееме без проблеми. Луѓето сакаат да знаат како да живеат подобро, како да го достигнат својот максимум и да ги исполнат своите потенцијали. Позитивната емоционална состојба доведува до повеќе позитивни ефекти, кои ќе помогнат во остварување на нашите потенцијали: 1. Проширување на нашиот опсег на мислење и однесување. Мислењето станува креативно и флексибилно, толерантно и насочено на решавање на проблеми, не само во сегашноста, туку и во иднината. 2. Градење на спектар на особини кои ќе ни бидат корисни во иднина. 3. Поништување на штетните ефекти на негативните емоции. Обуката Позитивен менаџмент претставува програма со која ќе научите позитивно да ги менаџирате секојдневните ситуации на работа и во семејството. Цели на семинарот се: да ги идентификувате долгорочните придобивки од позитивните емоции да развиете способност за перципирање на непотребните состојби, кои се карактеризираат со премногу или премалку позитивни емоции да научите да ги негувате позитивни емоции во себе и да одржувате позитивен начин на размислување да научите да помагате на другите да развијат позитивни емоции и да уживате во размена на менталните и физичките резултати на позитивното размислување да научите да ги менаџирате негативните состојби на позитивен начин
Категорија:Образование и обуки
Достапност:Контакт
Продавач:Космо Иновативен Центар
профил на компанијата
Космо Иновативен Центар
- Опис на компанијата:Претприемничките искуства на Софроние и најмладиот син Козмо стекнати за време на неколкугодишниот работен ангажман во металниот и енергетскиот сектор во САД во 1920-тите години резултираше со основање мала мелница за производство на брашно во Кичево, Македонија. Набрзо, малата работилница до крајот на 1930-тите години прерасна во мрежа од 4 современи мелници со рационален хидроенергетски погон, а компанијата стана регионален лидер во својата област. Променетите општествени услови наложија наследниците на Козмо своите претприемнички способности да ги реализираат преку техничко-енергетски консалтинг и научно-истражувачка работа во Канада и Македонија. Акумулираното семејно искуство и новото деловно опкружување во 1990-тите години придонесе за обновување на претприемничката традиција и инвестирање во развој на компанија за проектирање и консалтинг во производно-енергетските технологии. Компанијата ги прошири дејностите и прерасна во иновативен центар за правно-економски, финансиски и маркетинг outsourcing consulting и бизнис-инкубатор за мали и средни претпријатија.
- Адреса:бул.Јане Сандански 113
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:02/2448077
- Година на регистрација:1920
- Локација на мапа:Прикажи