00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Подготовка за FCE испит по англиски јазик


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:FIRST CERTIFICATE IN ENGLISH (FCE). Cambridge ESOL. Ниво Б2.2(Б2+). Преку подготовката во текот на овој курс, слушателите го надградуваат своето познавање на јазикот од нивото Б2. Се работи на нијансите на значење на зборовите, и варијантите на формалниот и неформалниот јазик, со акцент на моделите кои се тестираат на FCE. Граматика: слушателите ги имаат усвоено граматичките правила, и со мала помош од професорот ги применуваат при трансформации, образување зборови, вметнување зборови итн. Читање: Се работат различни текстови застапени на испитот, од весници, списанија, литература итн. Задачите се состојат од општо разбирање до барање на специфични информации. Пишување: Се работи на различни формати на текстови: неформални и формални писма, извештаи, статии, состави, осврти на книги и сл. Слушање: се работи на различни аудио делови: разговори, интервјуа, дискусии, инструкции, предавања, излагања и сл.,интерпретирани на различни акценти и варијанти на говорниот јазиk на еден или повеќе говорители. Зборување: Се работи во парови и групи за да се развијат говорните и комуникативни вештини на слушателите. На крајот на курсот се прави модел–симулиран тест и кандидатот добива извештај со можни резултати и препораки од професорот.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Лингвафан
  • профил на компанијата

    Лингвафан

    • Опис на компанијата:Лингафан е едно од најстарите приватни јазични училиште во Скопје. Основано е во 1990 година и од скромно училиште прерасна во реномиран акредитиран Центар за странски јазици, дисперзиран на три локации во Скопје, во населбата Аеродром, Тафталиџе и строгиот Центар на градот. Просториите на трите локации се пријатни и модерни а современата опрема, учебниците и библиотеката овозможуваат квалитетно совладување на програмата, континуитет во изучувањето и сигурен успех и напредок. Искуството, компетентноста, посветеноста и професионалниот однос на нашиот наставен кадар гарантираат квалитет пред се затоа што Лингвафан има усвеоно европски стандарди за квалитетот во јазичната настава и перманентно се залага за нивно унапредување и одржливост.
    • Име на контакт лице:Фанија Стошиќ Николовска
    • Адреса:Centar , Taftalidze, Aerodrom
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:38970 221216
    • Телефон #:02 2446 227
    • Локација на мапа:Прикажи



    022446227

    корисничка поддршка