00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Конфликт-менаџмент и медитација


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Конфликтот е присутен во секоја организација и, доколку луѓето ги решаваат конфликтите успешно, тоа резултира во ефективно работење. Но, доколку конфликтите не се решаваат, работните релации еродираат, што резултира со негативна атмосфера, намалена мотивација и продуктивност на вработените. Повеќето луѓе немаат став за начинот на кој ќе пристапат кон конфликтот. Кога конфликтот ќе се случи, не одговараме соодветно, туку реагираме со тоа што почнуваме да се однесуваме во еден од основните три конфликтни стилови: пасивен конфликтен стил агресивен конфликтен стил пасивно-агресивен конфликтен стил Ефективен Конфликт-менаџмент може да се постигне кога поединецот ќе сфати и ќе „види“ дека неговиот конфликтен стил е самодеструктивен. Семинарот ќе им помогне на учесниците да се видат себеси во конфликтот и да спречат несвесна реакција на самодеструктивност, односно правилно да одговорат на конфликтот. Семинарот ќе се фокусира на следните теми: - разбирање на луѓето и нивната природа вредноста на релациите и улогата на „здравиот“ конфликт - разлика помеѓу конфликт, недоговарање и конфронтација - комуницирање со „непријатни“ луѓе - фрустрации и конфликти - непродуктивно однесување - причини за конфликти меѓу вработените - управување и разрешување на конфликти во организацијата - кога да се инволвирате: медијација и интервенција од трета страна - претворање на конфликтот во соработка
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Космо Иновативен Центар

    • Опис на компанијата:Претприемничките искуства на Софроние и најмладиот син Козмо стекнати за време на неколкугодишниот работен ангажман во металниот и енергетскиот сектор во САД во 1920-тите години резултираше со основање мала мелница за производство на брашно во Кичево, Македонија. Набрзо, малата работилница до крајот на 1930-тите години прерасна во мрежа од 4 современи мелници со рационален хидроенергетски погон, а компанијата стана регионален лидер во својата област. Променетите општествени услови наложија наследниците на Козмо своите претприемнички способности да ги реализираат преку техничко-енергетски консалтинг и научно-истражувачка работа во Канада и Македонија. Акумулираното семејно искуство и новото деловно опкружување во 1990-тите години придонесе за обновување на претприемничката традиција и инвестирање во развој на компанија за проектирање и консалтинг во производно-енергетските технологии. Компанијата ги прошири дејностите и прерасна во иновативен центар за правно-економски, финансиски и маркетинг outsourcing consulting и бизнис-инкубатор за мали и средни претпријатија.
    • Адреса:бул.Јане Сандански 113
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02/2448077
    • Година на регистрација:1920
    • Локација на мапа:Прикажи



    022448077

    корисничка поддршка