00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Деловни Решенија од Сигма


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Сигма-СБ, врз база на долгогодишното искуство, изгради проверени решенија кои одговарат на специфични потреби кај организациите. Овие решенија даваат можност за комплетно организирање на специфичните процеси, при што огромно внимание се обрнува на инволвираноста на сите чинители за добро поставен и извршуван процес:
     Дизајн на стратегија во форма на know-how, преку внимателно избрана докажана методологија/стандард/најдобри пракси за работа во областа
     Изградени и докажани софтверски алатки кои одговараат на стратешкиот пристап
     Имплементација, техничка и организациона, на решенијата внатре во постоечкиот процес и интеграција на специфичните карактеристики кои ги поседува организацијата
     Соодветни обуки за користење на поставениот систем за сите учесници во процесот: од извршители до менаџери  Мониторинг на веќе поставените процеси и активности за нивно оптимизирање и подобрување

    Фокусирајте се на Вашите клиенти, Искористете го достапното знаење на Сигма-СБ, Доворете ни ја задачата нам

    Тимот на Сигма-СБ постојано ги прати новитетите во индустријата и прави сопствени истражувања за нивно практично искористување во бизнисите. Нашата експертиза постојано се продлабочува во областитек каде веќе сме покажале одлични резултати, но и се проширува со нови области кои неминовно се наметнуваат заради потребата за интеграција со останатите деловни процеси. Нашата задача е да ја направиме технологијата достапна и применлива во организацииите и да им помогнеме тие да ја зголемат нивната конкуреност.

    Деловните Решенија на Сигма-СБ се докажани за оптимизирање на операциите, за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста. Овие решенија ќе Ви овозможат поголема ефикасност и ефективност во:

    Финансиски менаџмент Управувањето со финансиите е најголемиот имепратив за секоја компанија. Сигма-СБ врз база на своето искуство нуди решенија за оперативно и аналитичко финансиско работење кое дава моментален увид во билансите на успех и состојба на компанијата на највисоко ниво и во исто време на ниво на организавиона единица, производ, место на трошок, вработен.

    Управување со снабдувачки канали – големопродажба, малопродажба производство Со решенијата за управување со снабдувачки канали на Сигма-СБ, трговците можат да ги оптимизираат операциите, да го зголемат правилното користење на ресурсите и информациите и внатре и надвор од организацијата и да обезбедат целосен и постојан поглед врз снабдувачкиот канал

    Управување со Продажба Решенијата за продажба обезбедуваат имплементација на најразлични продажни стратегии преку управување со ценовници, управување со попусти, клуб на купувачи, организација на промотивни акции до поставување на строги правила за кредитни лимити, минимални нарачки, дозволен асортиман годишни бонуси

    Безбедност и Следливост Решенијата за безбедност и следливост на Сигма-СБ им помагаат на трговците и производителите за усогласеност со законите и за здобивање на симпатиите на потрошувачите.

    Управување со Матични податоци Со решенијата за Управување со Матични Податоци на Сигма-СБ, Вие ќе ги централизирате и ќе ги контролирате клучните организациски податоци, обезбедувајќи прегледност и единствена комапниска структура на матични податоци. Овие докажани решенија обезбедуваат вистински интегритет на податоците.

    Управување со производство Решенијата за планирање, распоред и управување со технолошките постапки даваат неспоредлива можност за едноставно усогласување на реализираното производство со продажбата.

    Управување со Складиштење и Транспорт Сигма-СБ, вклучувајќи автоматизација со безжична технологија и напредни стратегии за оптимизација, на компаниите им дава можност да ги направат функциите за складиштење и транспорт уште поефикасни. Овие технологии сосема ги менуваат условите за складиштење и помагаат за поставување на логистички стратегии од кои корист имаат бизнисите, потрошувачите и планетата.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Сигма-СБ
  • профил на компанијата

    Сигма-СБ

    • Опис на компанијата:Изработка и имплементација на деловни решенија - ЕРП софтвер и ИТ инфраструктура
    • Име на контакт лице:Славчо Бујароски
    • Адреса:Прашка 23
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:+389 75 234 742
    • Телефон #:+389 2 3065 944
    • Факс #:+389 2 3090426
    • Година на регистрација:1995
    • Број на вработени:20
    • Процент на извоз:25



    023065944

    корисничка поддршка