00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Електроника и Управување


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:За беспрекорно функционирање на електромоторните погони за сегментните, роло и другите врати од производниот програм на Златна Рака, потребна е соодветна електроника и управувачки командни компоненти за да може да се обезбеди автоматизација на функционирањето на вратите. Главна компонента за работа на електромоторниот погон е електро командна табла-централа која ќе ги задоволи барањата на потребите на клиентите. За секој поединечен случај се определува потребна автоматика во зависност од начинот на командување и користење на вратата. За безбедност и сигурност при работата на вратите по избор се вградуваат фотоќелии за контрола на просторот, контролно светло кое свети при активирање на погонот, звучен сигнал-сирена за означување кога вратат е во погон и други потребни компоненти. Комадувањето на вратите може да биде со помош на тастер, копче на командната табла, посебна брава со клуч, далечински управувач или со помош на мобилен телефон, при тоа да не се потроши ниту еден импулс. Сите овие додатоци треба да се договорат посебно и зависат од потребите за командување кое го бара клиентот. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка