00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Мотори за Шибер Врати


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:МОТОРИ ЗА ШИБЕР (ЛИЗГАЧКИ) ВРАТИ, имаат за цел да го зголемат нивото на комфор при управување на вратата. Можноста за вградување на мотор-редуктори е по желба на нарачателот, а типот на моторот се избира според типот и начинот на движење на вратата, според големината и тежината на вратата. За секој посебен тип на лизгачка врата, постои соодветен тип на мотор со кој се регулира нејзиното автоматско управување, обезбедувајќи комфор и удобност на современото живеење. Шибер моторите одат во комплет со соодветна електроника за автоматско управување, назабена летва со чија помош се движи вратата на страна и далечински управувач односно копче за автоматска команда. Од 2009 година „Златна Рака М“ отпочна со вградување микропроцесорски команден блок кој овозможува управување на вратата со помош на мобилен телефон, a при тоа да не се потроши ниту еден импулс. Во палетата на дополнителни компоненти за сигурно работење спаѓаат: фотоќелии, контролно светло, електрични брави или дополнителна надворешна антена за зголемување дометот на далечинскиот управувач. Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, со кратка интервенција (соодветен клуч со бравичка на самиот мотор), моторот се доведува во положба во која може мануелно (рачно) да се врши отворање-затворање на капијата. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка