00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

EDEN FENKOJLERSKO GREENJE I LADENJE (VENTILKONVEKTORI)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Центрифугални вентилоконвектори за 2 или 4 цевен систем. Носечката структура на уредот е галванизиран и изолиран метален лим, додека куќиштето (за вентилоконвекторите со маска) е од топло галванизиран пластифициран лим со заштитен пвц филм кој се отстранува по монтажата. Оваа заштита е многу важна за зачувување на производот за време на транспортот и инсталацијата. Верзиите со маски се опремени со абс решетки со можност за усмерување и странични вратнички за пристап до вградениот термостат и/или вентили. На барање достапна е многу богата дополнителна опрема која може да ги задоволи сите инсталатерски потреби: дополнителни или модофицирани топлиноизменувачи со различни капацитети и загуби, регулациони, баланс и други вентили, жалузини за свеж воздух, пленуми со различни димензии за всис и потис.

    • 12 големини
    • 9 верзии за инсталирање
    • Капацитет на ладење: 0,67 ÷ 11,01 kW
    • Капацитет на греење(50°): 0,85 ÷ 14,14 kW
    • Капацитет на греење(70°): 1,45 ÷ 23,75 kW
    • Проток на воздух: 136 ÷ 2.003 m3/h
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Техно Ауто
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка