Машина за пакување - MEGA PAK
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Аголни машини за пакување со термособирачки фолии. Полу автоматската машина со централно-преклопена термо собирачка фолија произведена е и наменета за големо-сериски производства. Системот на пакување се одвива во две фази: првата е обмотување на производот со фолија, аголно сечење и заварување, а втората поминување на производот низ тунелот и затегнување на фолијата (доколку е потребно). Рамката за аголно сечење се придвижува мануелно или автоматски. Времето на сечење и заварување на фолијата, времето на задржување на рамката, времето на движење на транспортната трака, како и времето на повторување на циклусот при автоматска работа, е контролирано со дигитални тајмери. Температурата во тунелот се регулира со електронски термо-регулатор, а брзината на транспортната трака се контролира со фрекфентен регулатор. Во припремниот дел, централно-преклопената фолија се одвојува со континуирано вдувување на воздух. Полуавтоматскиот “Мега Пак” овозможува брзо, квалитетно и пред се безбедно работење, бидејќи вградениот безбедносен систем ги спречува несаканите повреди во текот на работата. Можни се изведби на машинитe со други димензии и со поголем степен на автоматизираност, во зависност од желбите на купувачот. МАШИНИТЕ СЕ ПРИКЛАДНИ ЗА ЗБИРНО И ПОЕДИНЕЧНО ПАКУВАЊЕ НА : - леб, печива, колачи, свежи прехрамбени производи (месо, овошје, зеленчук...) со или без подлошка, чаеви, бонбоњери, чоколади, бисквити...... - козметика, списанија, албуми, касети, хартиени производи, производи од стакло и пластика, средства за лична хигиена и чистење, електрични и технички производи, факс и адинг ролни, селотејпи, резервни делови за авто индустрија...... ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ: - Максимални димензии на пакетот Д х Ш х В 700 х 520 x 200mm - Капацитет на машината од 0 до 800 опаковки на час - Брзина на транспортна лента 1,75м/мин. - Фолија за пакување ПО, ПВЦ, ПЕ, ПП термофолии - Максимална дебелина на фолијата 100µ - Максимална ширина на фолијата 650mm - Максимален дијаметар на фолијата 250mm - Максимална инсталирана моќност 8kW - Потрошувачка на енергија 3,8kW/час - Димензии на рамката Д х Ш х В 1.750 х 1.020 х 1.100mm - Димензии на тунелот Д х Ш х В 1.900 х 930 х 1.500mm - Вкупни димензии Д х Ш х В 3.650 х 1.150 х 1.500mm
Категорија:Алати за пакување , Механизација за пакување
Достапност:Контакт
Продавач:Дин бест
профил на компанијата
Дин бест
- Опис на компанијата:Производство на машини за пакување и амбалажа.
- Име на контакт лице:Елизабета
- Адреса:бул.Партизански Одреди 127
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023094000
- Факс #:023094001