00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Машина за пакување - АВТОМАТСКИ TERMO TUNEL


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Машини за збирно пакување. Машината е наменета за поединечно и збирно пакување, а пред се најбрзо пакување на истородни производи во термособирачка фолија. Машината е составена од три дела : припремен дел, дел за вметнување во фолија и термо тунел. Во припремниот дел се врши пренесување на производите од главната транспортна лента и нивно автоматско групирање во пакет од 6 (2 х 3) производи, пакет од 12 (3 х 4) производи или комбинација по потребите на корисникот. Во вториот дел се врши обмотување на деловите со фолија, како и заварување и сечење на фолијата. Задвижувањето на пакетот кон фолијата, како и задвижувањето на заварувачот и отсекувачот на фолијата се пневматски. Во термо делот се врши термособирање на фолијата, со што пакувањето е завршено. Целиот процес е воден и контролиран со помош на процесор. На овој начин се добиваат цврсти пакети одлично припремени за транспорт. Можни се изведби на машината со други димензии и со поголем степен на автоматизираност, во зависност од желбите на купувачот. МАШИНИТЕ СЕ ПРИКЛАДНИ ЗА ЗБИРНО И ПОЕДИНЕЧНО ПАКУВАЊЕ НА : - пластични и стаклени шишиња, конзерви, тегли, играчки, списанија, книги, хартиени производи, адинг ролни, селотејпи, санитарни производи, средства за хигиена, кабли, калеми, електрични и технички производи, резервни делови за авто индустрија, дрвени производи...... ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ: - Максимални димензии на пакетот Ш х Д х В 500 х 250 х 350mm - Максимална ширина на фолијата 750mm - Максимална дебелина на фолијата 0,12mm - Максимален дијаметар на фолијата 300mm - Брзина на транспортната лента од 2 - 8 m/мин. - Електрично напојување 3x380V - 50Hz - Максимална инсталирана моќност 23kW - Потрошувачка на енергија 11kW/час - Фолија за пакување ПЕ, ПП, ПВЦ - термособирачка - Производност од 0 до 10 опаковки/мин. - Димензии на машината Д х Ш х В 4.800 x 1.050 x 2.200mm
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Дин бест
  • профил на компанијата

    Дин бест

    • Опис на компанијата:Производство на машини за пакување и амбалажа.
    • Име на контакт лице:Елизабета
    • Адреса:бул.Партизански Одреди 127
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023094000
    • Факс #:023094001



    023094000

    корисничка поддршка