СУПЕР ЛЕПАК (ЛЕПИЛО) ЗА ПЛАСТИКА, ДРВО, ГУМА, МЕТАЛ - PARFIX 3412
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Супер лепило (супер лепак) - Parfix 3412 за лепење на делови изработени од истородни или разнородни материјали како што се гума, пластика, метал, дрво итн. При спојувањето деловите треба да бидат поставени на минимално растојание. Овој производ дозволува позиционирање на деловите пред да започне процесот на зацврстување. Производот е специјално изработен за: Да лепи широк спектар на разнородни материјали; Да има одлична адхезија на голем број на подлоги особено пластики и гуми; Прецизно и лесно да се нанесува; Лепење на мали делови со голема цврстина. Површините кои се спојуваат треба да бидат суви, чисти и одмастени. Да се нанесе лепилото на едната површина и веднаш силно да се притисне. Кога се лепат “O” прстени потребно е гумата да се исече од двете страни. Свежо пресечената гума обезбедува најголема цврстина на лепениот спој. Пакување: 20 g.
Категорија:Лепила , Лепаци и изолатори
Достапност:Има залиха
Продавач:М.Х.П. Сеал Енгинееринг
Земја на потекло:САД
профил на компанијата
М.Х.П. Сеал Енгинееринг
- Опис на компанијата:Компанијата М.Х.П. СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ е основана во 2004 година со седишта во Скопје и Белград, а од неодамна и во Лудбрег, Р.Хрватска. Наш принципал е A.W.CHESTERTON International Inc, USA за кого сме и генерални дистрибутери за териториите на Р.Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Со цел да се одговори на сите потреби на клиентите, МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ ги застапува и следните компании: KTR-GmbH, Pulsarlube-USA, Parson Adhesives-USA, IBS Scherer-GmbH, AesSeal-UK и многу други. На нашите клиенти им нудиме високо технолошки решенија и производи во повеќе области на индустриска примена кои се резултат од експертските знаења на нашите партнери и локалниот сервис и поддршка од страна на МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ. Палетата на производи која ја нудиме е со докажан и загарантиран квалитет, а тоа го потврдува фактот што нашиот принципал A.W.CHESTERTON со своето 125 годишно искуство во индустријата е водечки светски производител на заптивни системи за индустриски флуиди, високо-технолошки полимерни материјали, специјална хемија за индустриско и процесно чистење и одмастување, специјални масти и масла за подмачкување и наменски производи за заштита на деловите од агресивни индустриски влијанија. Во рамките на нашата компанија функционира и малопродажба, во којашто на лагер во разни димензии можете да најдете заптивки за хидраулика и пневматика, радијално-осовиниски заптивки – семеринзи, О-прстени, механички заптивачи, како и рамни заптивни безазбестни табли (клингерит), плетеници за пумпи, плетеници за високи температури, технички производи, индустриски лепила и др. производи коишто се застапени во секоја индустрија.
- Име на контакт лице:Александар
- Адреса:ул. Перо Наков бр. 1, ЖАС
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 3217 073; Продавница: 00 389 (0)2 3109 418;
- Факс #:00 389 (0)2 3217 079
- Локација на мапа:Прикажи