00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Превземање е-отпад


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Во категоријата електронски отпад спаѓаат сите видови компјутери и компјутерска опрема (тастатури, глувчиња), монитори, принтери, кертриџи, тонери, скенери, мобилни телефони, фотоапарати, телевизори, видео и аудио уреди и сл.

    За електричен отпад се сметаат сите поголеми уреди односно фрижидери, шпорети, машини за перење и сушење, бојлери, клима уреди и останати уреди за домаќинство. Во оваа категорија се вклучени и склопки и составни делови од машини кои што настануваат во индустријата.

    Електричната и електронската опрема од која што физичките и правните лица сакаат да се ослободат поради тоа што е нефункционална или застарена се смета за отпад и треба да се предаде на овластен рециклатор.

    Екоцентар 97 има специјализирани возила со кои ја подигнува ваквата отпадна опрема од компаниите, за која што издава соодветна документација која што е доказ за понатамошниот третман на отпадната опрема, и тоа: товарен лист, идентификационен формулар, транспортен формулар, изјава од службен весник, приемница и кантарска белешка.

    Според законските прописи, преземање на ее-отпад од правни субјекти се врши бесплатно и без право на побарување на надоместок за отпадната опрема.

    За физички лица, Екоцентар 97 врши преземање на ее–отпадот од Вашата локација само за количина поголема од 200 кг или 10 големи уреди.

    Контакт за преземање ЕЕ отпад

    -фиксен бр. 022551068
    -веб адреса www.ekocentar97.mk
    -е-маил contact@ekocentar97.mk

    За сите информации во врска со законските регулативи за електронски и електричен отпад посетете го сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Екоцентар 97
  • профил на компанијата

    Екоцентар 97

    • Опис на компанијата:Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со рециклирање повеќе од 20 години. Основна дејност е откуп, селекција, преработка и транспорт на секундарни суровини, како необоени (железо и челик) и обоени метали (бакар, алуминиум, месинг, калај, олово, никел и сл.) Екоцентар 97 исто така се занимава и со откуп и рециклирање на стари автомобили, акумулатори, отпадни кабли, Екоцентар 97 презема електичен и електронски отпад, како и батерии, сé со цел правилно управување со отпадот и заштита на животната средина. Исто така, тимот на Екоцентар е обучен да демонтира, отстранува, транспортира и процесира нефункционални индустриски машини, челични конструкции, телекомуникациски уреди и инфраструктура. Компанијата поседува атестиран XRF Спектрометар уред за анализа на хемискиот состав на сите видови на легури. Освен за сопствени потреби, Екоцентар 97 го користи XRF спектрометарот за изготвување на анализи за потребите на своите коминтенти и соработници. Како резултат на иновативност и професионалност Екоцентар во последните години стана една од водечките фирми во својата дејност, не само во Македонија туку и во регионот. Екоцентар 97 работи по сите законски регулативи и ги поседува сите потребни дозволи за транспорт, складирање и третман на опасен и неопасен отпад. Мисијата на Екоцентар 97 е да ги намали штетните и опасни материјали во природата и да спречи понатамошно загадување со цел да се обезбеди поздрава и почиста животна средина.
    • Име на контакт лице:Ekocentar 97
    • Адреса:ул.1632 бр.10/2 кај Кванташки пазар
    • Поштенски број:1040
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022551248
    • Факс #:02 2551068
    • Година на регистрација:1997
    • Број на вработени:35
    • Локација на мапа:Прикажи



    022551248

    корисничка поддршка