00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Kelp 225 mcg 200 tabs.

10%заштеда

Kelp 225 mcg 200 tabs.

Цената е со вклучен ДДВ
1.086 ден. 977 ден.

  • опис на производот
  • мислења од корисници
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Секции:
  • Опис на производот:+ ПОДАРОК !!!!! Келп (Fucus vesiculosis) е морска алга која што се вбројува во неколкуте видови на кафеава морска трева наречена Ламинарија. Оваа чудесна морска билка или зеленчук содржи концентрат од повеќе од 70 минерали, витамини, елементи во трагови, ензими, протеини и други многу важни нутриционистички и хемиски состојки. Меѓу нив спаѓаат: jод, магнезиум, калциум, цинк, хром, селен, железо, калиум, есенцијални масни киселини, мукополисахариди, манитол, алгининска киселина, хистамин, зеаксантин, протеини, јаглехидрати, витамини од Б групата (Б2, Б12), витамин Ц, растителни влакна и др. Историјат на употреба: - Морските алги биле собирани и употребувани како храна, ѓубриво и како лек веќе илјадници години во многу стари култури. Историските записи ни покажуваат дека Кинезите ги користеле морските треви (алги) за медицински цели уште од 3000 год. п.н.е. Една од најстарите книги во Кина-Кинеската Книга на Поезијата индицира дека морските зеленчуци биле многу ценета храна уште во времето на Конфучие (551-479 п.н.е.). - Старите Грци ги користеле морските алги како храна за добитокот уште во 46-тата година п.н.е. - Во Јапонија, која што има долга историја на употреба на морските алги во исхраната, историските записи покажуваат дека од 7-9 век п.н.е. морските алги биле привилегија и биле консумирани само од страна на Јапонските благородници. - Многу други стари култури исто така ја познавале драгоценоста на морските алги. Древните благородници од Хавајските Острови имале водени градини со алги каде што се одгледувале ретки видови на морска трева. - Тие биле култивирани за подготвување на гурмански специјалитети за кралската фамилија. Хранливата вредност на Келпот и другите морски алги постепено го свртува вниманието на нутриционистите од Западната хемисфера и на сите оние кои се интересираат за здравиот начин на исхрана.

    Медицинска употреба на келп:
    - Јодот којшто во голема концентрација е присутен во келпот е многу важен за нормалното функционирање на тироидната жлезда и го намалува ризикот од нејзиното заболување. Затоа, келпот се препорачува за третирање на намалената активност на тироидната жлезда што се јавува како резултат на недостиг на јод;
    - Келпот се покажал како многу успешен во намалувањето и ублажувањето на артритичните болки;
    - Келпот го зголемува создавањето на клеточната енергија во организмот;
    - Го зајакнува имуниот систем;
    - Ја подобрува функцијата на црниот дроб;
    - Се бори против срцевите заболувања и канцер (студиите покажуваат дека го намалува ризикот од заболување од канцер на дојка).
    - Истражувачките студии покажуваат дека од сите видови на морски алги, келпот е единствен кој има анти- канцерогени својства;
    - Ниската стапка на заболени од канцер во Јапонија е поврзана со нивниот начин на исхрана кој е богат со морски алги кои ги подготвуваат во различни супи како што е Јапонското мисо кое што таму обично се јаде два пати дневно(келпот помага и при третманот со хемотерапија кај заболените од канцер);
    - Помага во контролирање на апетитот и може да помогне во намалување на телесната тежина бидејки има стимулативно дејство врз телесниот метаболизам;
    - Го одржува во здрава состојба гастро-интестиналниот систем и се употребува против констипација и слаба дигестија;
    - Келпот исто така се покажал многу ефективен во намалувањето на холестеролот во крвта, третирањето на хипертензија и во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања;
    - Тој содржи растителни влакна кои ги апсорбираат токсичните материи во организмот и ги исфрлаат надвор од него (се користи како генерален детоксификатор);
    - Келпот во споредба со млекото и млечните производи содржи 10 пати повеќе калциум и железо со што ги зајакнува и одржува здрави и коските, ноктите и забите. Оваа фасцинантна алга исто така го забавува процесот на стареење и помага во ублажувањето на симптомите на менопаузата кај жените.

    Жан Карпер во својот бестселер “Храната како Лек” (Jean Carper “The Food Pharmacy”) го нарекува келпот “фармацевтско чудо”. Слично на откритието на пеницилинот во 1940 год. кое што предизвика револуција во медицината со тоа што му го откри на светот значењето на габите и мувлата - така и одредени истражувачи веруваат дека хранливите и исцелителските способности на Келпот и додатоците во исхрана можат да го доведат човештвото до нова револуција во здравствениот систем и методите на лекување. Келпот може да се препорача и како замена за месо во вегетаријанските диети.
    Како диететски додаток, се зема 1 таблета дневно со течност или по препорака на лекар. Келпот е навистина чудесна алга која ако ја внесете во вашата дневна диететска рутина може да ви го зајакне имунитетот, да ве заштити од инфекции и болести, да ви даде повеќе енергија и да ви го продолжи животот.
  • Достапност:Контакт
  • Земја на потекло:САД
  • оцени од корисници
    профил на компанијата

    Витамикс - Свансон

    • Опис на компанијата:Компанијата Swanson Health Products е основана во 1969 год. и е реализација на сонот на еден човек да донесе здравје и благосостојба во светот. Денес, Swanson Health Products го продолжува овој сон и има милиони потрошувачи во САД, Европа и ширум светот кои се свесни за скапоценоста на здравјето, како и за производите кои ни помагаат во неговото зачувување и одржување. Лиланд Свансон е првиот основач на Swanson и тој во 1969 го поставил основниот принцип на функционирање на оваа компанија кој вели: „Доброто здравје и задоволството на нашите ценети потрошувачи се нашата главна мисија и задача.” Денес компанијата е под раководство на Ли Свансон Јуниор (Lee Swanson Junior)и се наоѓа во модерен објект со површина од 120 000 м2 во индустрискиот парк во Фарго, главниот град на Северна Дакота. Swanson Health Products произведува и дистрибуира широка палета на нутриционистички додатоци како што се: витамини, минерали, олигоелементи, антиоксиданти, производи од лековити билки, производи од животинско потекло, аминокиселини, хомеопатски средства, есенцијални масни киселини, ензими, ајурведски, вегетаријански, спортски и козметички производи и многу други видови продукти. Производите на Swanson Health Products се од органско потекло и се со загарантиран квалитет и чистина. Тие се сертифицирани од FDA (Food and Drug Administration) Институтот во САД и имаат „А” Класа или врвна класа воGMP (Good Manifacturing Practices) - организацијата која го репрезентира и штити највисокиот квалитет на суровини, индустриско производство и комерција на нутриционистички додатоци во САД, Кина, Европа и ширум светот. Оваа „А” Класа означува дека сите производи кои се маркирани со брендот на Swanson се произведени во согласност со најновите технолошки, нутриционистички и биолошки достигнувања на експертите и се едни од врвните висококвалитетни диететски додатоци во светот. Благодарение на Вита-Микс ДООЕЛ, овие производи се достапни и во Македонија. Вита-Микс ДООЕЛ Експорт-Импорт е основана во 2004 год. од г-дин Љубомир Божино
    • Име на контакт лице:Верче Божиновска Бабунски
    • Адреса:Bul. Jane Sandanski 25/1-2
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070/268-629
    • Телефон #:(02) 2403 311 (02) 2403 310
    • Факс #:02/ 2 40 33 12
    • Локација на мапа:Прикажи
    следи ја оваа компанијаИспрати прашањесите производи
    Вкупна оцена:
    5.0 од 5.0 (1 оцени вкупно)




    070/287-777

    корисничка поддршка