00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Milk Thistle 500 mg 100 caps

10%заштеда

Milk Thistle 500 mg 100 caps

Цената е со вклучен ДДВ
989 ден. 890 ден.

  • опис на производот
  • мислења од корисници
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Млечниот трн (Silybum marianum) претставува вид на бодликава билка со розево-пурпурни цветови која потекнува од Медитеранскиот регион, а распространета низ долините и планинските падини ширум светот. При кршење на листовите или стеблото на ова растение истекува млечна бела течност заради која млечниот трн го добил своето име. Тој во традиционалната кинеска медицина се употребувал за третман на болести на црниот дроб уште пред 2000 години, а за неговата лековитост знаеле и старите Грци. Млечниот трн содржи хемиски активна супстанца наречена силимарин (околку 70-80%), која има хепатопротективно, антивоспалително, антиканцерогено и имуностимулативно дејство. Силимаринот претставува соединение од 3 флавоноиди: силибинин, силидианин, и силикристин. Овие флавоноиди покажуваат дека има извонредна способност да го заштити, зајакне, детоксифицира и регенерира црниот дроб. Силимаринот делува како моќен хепатопротектор и антиоксидант и има способност да го ги редуцира црнодробните воспаленија што е од огромно значење за лица кои страдаат од хепатит или цироза на црниот дроб. Заради овие фасцинантни својства, млечниот трн е одобрен уште во 1986 год. од здравствените институции во Европа како медицинска билка за третман на црнодробни заболувања.
    Начин на употреба: Благодарение на неговата уникатна способност да го заштити и обнови црниот дроб, млечниот трн се користи во следните случаи:
    - при воспалителни процеси на црниот дроб (хепатитис А, Б и Ц);
    - за заштита на црниот дроб, хроничен хепатитис;
    - за превенција и лекување на цироза (алкохолна цироза);
    - за превенција и лекување на разни интоксикации(ацетаминофен,стероиди и антибиотици) и хемотерапија;
    - замастен црн дроб; - труење со печурки (Amanita muscarina) и медикаменти.
    Секоја капсула од овој производ содржи 500 мг на чист хербален екстракт од семето на оваа хепатопротективна билка.
    - Како хербален додаток во исхраната, се земаат 2 капсули 2-3 пати дневно со вода или по препорака на лекар.
  • Достапност:Контакт
  • Земја на потекло:САД
  • оцени од корисници
    профил на компанијата

    Витамикс - Свансон

    • Опис на компанијата:Компанијата Swanson Health Products е основана во 1969 год. и е реализација на сонот на еден човек да донесе здравје и благосостојба во светот. Денес, Swanson Health Products го продолжува овој сон и има милиони потрошувачи во САД, Европа и ширум светот кои се свесни за скапоценоста на здравјето, како и за производите кои ни помагаат во неговото зачувување и одржување. Лиланд Свансон е првиот основач на Swanson и тој во 1969 го поставил основниот принцип на функционирање на оваа компанија кој вели: „Доброто здравје и задоволството на нашите ценети потрошувачи се нашата главна мисија и задача.” Денес компанијата е под раководство на Ли Свансон Јуниор (Lee Swanson Junior)и се наоѓа во модерен објект со површина од 120 000 м2 во индустрискиот парк во Фарго, главниот град на Северна Дакота. Swanson Health Products произведува и дистрибуира широка палета на нутриционистички додатоци како што се: витамини, минерали, олигоелементи, антиоксиданти, производи од лековити билки, производи од животинско потекло, аминокиселини, хомеопатски средства, есенцијални масни киселини, ензими, ајурведски, вегетаријански, спортски и козметички производи и многу други видови продукти. Производите на Swanson Health Products се од органско потекло и се со загарантиран квалитет и чистина. Тие се сертифицирани од FDA (Food and Drug Administration) Институтот во САД и имаат „А” Класа или врвна класа воGMP (Good Manifacturing Practices) - организацијата која го репрезентира и штити највисокиот квалитет на суровини, индустриско производство и комерција на нутриционистички додатоци во САД, Кина, Европа и ширум светот. Оваа „А” Класа означува дека сите производи кои се маркирани со брендот на Swanson се произведени во согласност со најновите технолошки, нутриционистички и биолошки достигнувања на експертите и се едни од врвните висококвалитетни диететски додатоци во светот. Благодарение на Вита-Микс ДООЕЛ, овие производи се достапни и во Македонија. Вита-Микс ДООЕЛ Експорт-Импорт е основана во 2004 год. од г-дин Љубомир Божино
    • Име на контакт лице:Верче Божиновска Бабунски
    • Адреса:Bul. Jane Sandanski 25/1-2
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070/268-629
    • Телефон #:(02) 2403 311 (02) 2403 310
    • Факс #:02/ 2 40 33 12
    • Локација на мапа:Прикажи
    следи ја оваа компанијаИспрати прашањесите производи
    Вкупна оцена:
    5.0 од 5.0 (1 оцени вкупно)




    070/287-777

    корисничка поддршка