Опис на компанијата:Основна дејност на фирмата е проектирање, испорака, монтажа, одржување, сервисирање и обезбедување на резервни делови за пумпи, пумпни станици, компресори и водоводна арматура, сончеви колектори. Успешното работење на друштвото во изминативе 17 години е резултат на стручноста, професионалниот однос и високата квалификација на вработените, пропатено со определбата на избор на материјали и опрема со врвен квалитет. Основач и управител е Ѓоко Петровски. Во рамките на административно – комерцијалниот сектор функционираат финансиско и комерцијално одделение. Комерцијалното одделение (продажба, маркетинг, логистика) го раководи дипломиран инженер со повеќе годишно искуство и лиценци согласно со светските трендови, а финансиското одделение го раководи дипломиран економист. Производно сервисниот сектор вбројува високо квалификувани лица предводени од стручни дипломирани инженери, согласно со профилот на одделот.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје