Опис на компанијата:Trodat потекнува од Австрија, но одамна ги премина државните граници. Денес Trodat Group опфаќа повеќе од триесетина меѓународни филијали со повеќе од илјада вработени низ целиот свет. Вкупниот обрт на Trodat Group во светски рамки во 2012 година изнесуваше 145,7 милиони евра. Веќе со децении Trodat упорно се шири и денес е водечка компанија на светскиот пазар за автоматски печати со вградено перниче и е доминантен во областа на гравирањето, маркирањето и режењето со ласери преку Trotec.
Со својот асортиман од производи и преку своите филијали Trodat нуди сè во врска со печатите. Деловните партнери и клиенти низ целиот свет со години се одушевуваат од неговата филозофија на додадена вредност.
Печатите и другите производи на Trodat се иновативни и приспособени за секаква примена. Сестринската компанија Trotec ја произведува потребната технологија за производителите на печати и им овозможува да прават печати со конзистентно чист и убав отпечаток. И деловните и приватните клиенти можат да состават и да купат совршен печат на интернет преку она што го нудиме на uTypia shop – кој може да биде и во боја откако на пазарот го претставивме Trodat Multi Color Impression!
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје