Опис на компанијата:ДПТУ ТИМ СОРС ДОО – Скопје е компанија која успешно работи од 2007 година, кога е и формирана.
Основна дејност на Друштвото е снабдување на своите клиенти со разни видови на амбалажа, канцелариски и школски материјали, разни видови на хартија, репроматеријал за печатници, како и готови печатени обрасци.
ТИМ СОРС ДОО работи со компании од земјата и странство и е генерален застапник на неколку фирми, производители на ламинатни и алуминиумски туби. Истите се користат во фармацевтската, козметичката и прехранбената индустрија.
Фирмата располага со сопствен деловен простор од 200м2 во центарот на Скопје, магацински простор 500м2, како и сопствен возен парк.
ТИМ СОРС ДОО вработува искусни кадри кои долги години се во браншата, но е отворен и за нови, образовани и амбициозни млади луѓе, кои заедно со нашата фирма би се вивнале во височините на бизнисот.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје