Опис на компанијата:СОС Детско Село Интернационал е меѓународна невладина организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права.
Со поддршка од многу донатори и соработници, оваа организација почнува да им помага на децата во целиот свет. Во 132 земји и територии, активностите на меѓународната организација СОС Детски Села се фокусираат на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со многу социјални ризици.
СОС Детско Села ставаат акцент и фокус на семејно-заснованата, долгорочна грижа на децата кои ја загубиле можноста да растат со своите биолошки семејства. Во СОС Детските Села и СОС Младинските заедници тие повторно наоѓаат сигурност и љубов и топол дом и растејќи во стабилна семејна средина добиваат континуирана индивидуална поддршка се додека не станат независни млади личности.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје