Опис на компанијата:ДПТУ РОТО-М ДОО с.Јакимово,Виница е основано на ден 12.03.2004г. и веќе десет години успешно настапува на македонскиот пазар како и на околните странски пазари. Нашата фирма РОТО - М ДОО Виница со сопствен производствен погон е дел од групацијата РОТО од Словенија која е една од водечките фирми за производство на полиетиленски - ПЕ производи. ДПТУ РОТО-М ДОО с.Јакимово,Виница се занимава со производство на производи од пластични маси .Главната суровина која се користи во процесот на производство е ПЕ полиетилен во прав и истата суровина е со сертификат за прехрана.Производството се одвива врз база на производствениот процес Рото мулдинг. Производствениот програм на нашата фирма ги опфаќа следниве производи : - резервоари за нафта и вода; - резервоари за вино; - саксии за цвеќе; - фигури за дворно уредување и - новогодишни фигури. Задоволство ни е да ви го претставиме нашиот програм,со кој ке се претставиме на саемот за градежништво кој опфаќа голем број на разновидни производи изработени по најсовремени методи и по високи стандарди. Располагаме со: - Комунални пречистителни станици; - Сепаратори за улје; - Маслофаќачи; - Пластични резервоари за питка вода; - Пластични резервоари за нафта и нафтени деривати; - Септички јами. Сите наши производи се сертифицирани и ги имаат стандардите за квалитет, БВЉИ ИСО 9001, 14001, ЦЕ и еко стандарди и се изработени од полиетилен ПЕ Како што веќе споменавме, нашата фирма успешно настапува како на македонскиот пазар така и на странските пазари, имено редовно вршиме извози за: Словенија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Турција и Израел, и бележи годишен раст од над 20%
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје