00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Палета

Палета

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Палетата претставува специјално изработена најчесто дрвена подлога на која се врши редење,сложување на парчеста стока заради обликување на поголеми стандардизирани товарни единици , со кое се врши сигурна, едноставна и рационална манипулација. Во својот асортиман Ангровардар ги изработува сите видови на палети кои најчесто се користат во домашниот и меѓународниот транспорт: - 1000мм х 800мм; - 1200мм х 800мм; - 1200мм х 1000мм; - 1600мм х 1200мм; - 1800мм х 1200мм; Освен овие димензии на палети, произведуваме и палети со дадени димензии од купувачот. Во зависност од барањето на купувачите палетите може да бидат за еднократна или повеќекратна употреба и со два или четири влеза за виљушкар.
  • Категорија:Палети
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Ангровардар
  • профил на компанијата

    Ангровардар

    • Опис на компанијата:Ангровардар e фирма за производство на дрвена амбалажа. • Палети • Кошеви за земјоделски производи • Сандаци за транспорт • Подметачи • Секаков вид на производи од дрво по барање на купувачите Развојот на друштвото започнува во 1990 година кога е формирано со приватен капитал на сопственикот Тодор Маџаров. Обезбедувајќи сопствени средства во 1994 година фирмата ја проширува дејноста во производство, специјализирајќи се во изработка на дрвена амбалажа. Следејќи ги глобалните промени кои настануваат во меѓународното работење и Европските стандарди, за да можеме да им излеземе во пресрет на нашите купувачи инвестиравме во опрема за термички третман на дрвото. Денес го имаме сертификатот за термички третман на дрвото по Меѓународен стандард за фитосанитарни мерки ISPM 15 (FAO, 2002). Со овој сертификат секоја наша палета може слободно да се движи надвор од границите на Република Македонија. Од 2010 година целиот производствен процес се одвива во согласност со систем на контрола на квалитетот ISO 9001:2008. Изминатите три години инвестиравме во зголемување на асортиманот на производи, така што од почетокот на 2013 година започнавме со производство на еколошко енергетски брикети. После извршеното испитување од страна на Универзитет Св.Кирил и Методиј - Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер , квалитетот на брикетите спаѓа во екстра квалитетна класа. Денес Ангровардар располага со голем производен капацитет. Ги задоволуваме барањата на пазарот со годишно производство од 200.000 броја на разни видови палети. Бројот на вработени се движи од 40-50 обучени работници. Како водечка компанија за производство на палети од дрво на Македонскиот пазар, наша определба е одржување на лидерската позиција на пазарот во Македонија, и нејзино проширување надвор од нејзините граници.
    • Име на контакт лице:Марија
    • Адреса:Андон Шурков б.б.
    • Поштенски број:1400
    • Град:Велес , Македонија
    • Мобилен #:071 213163
    • Телефон #:043 231279
    • Факс #:043 232933
    • Локација на мапа:Прикажи



    043231279

    корисничка поддршка