Опис на компанијата:Сите семејства имаат свои рецепти кои со гордост ги предаваат од колено на колено. Тие љубоморно се чуваат во домашните тетратки полни со вкусни рецепти и се подготвуваат со многу љубов. Поставени на домашната трпеза, тие се центарот околу кој се преплетуваат топлите семејни приказни. Традиционалниот начин на подготвување на зимница е гордоста на нашето семејство и токму затоа во 1997 ја отворивме нашата фабрика за производство и преработка на овошје и зеленчук. Со тоа станавме прва приватна фабрика од ваков тип во Македонија и веќе долги години најдоброто од нашето семејство - го споделуваме со вашето.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје