Опис на компанијата:МЕТАР дооел Скопје е трговско друштво кое има за цел да нуди на македонскиот пазар квалитетни, економични и корисни производи.
МЕТАР е овластен увозник и дистрибутер за Република Македонија на чешкиот економичен и ефикасен прочистувач на воздух Ionic CARE Triton X6.
Ionic CARE е чешки број 1 прочистувач на воздух кој повеќе од 12 години успешно се произведува од страна на чешката компанија „Хогнер“, а се користи не само во домовите, туку и во градинки, школи, амбуланти, теретани и канцеларии ширум Р.Чешка, Р.Полска, Р.Словачка и пошироко. Тој четири години по ред (2015-2018 година) е прогласуван за производ на годината во Р.Чешка од страна на независниот водич за потрошувачи Heureka.cz во делот на прочистувачи на воздух.
Ionic CARE е единствен на нашиот пазар и има неколку клучни предности: тој е ефикасен прочистувач на воздух комбиниран со јонизатор, со нула трошоци за филтер бидејќи поседува траен филтер што се мие/брише, еколошки производ бидејќи нема отпаден филтер, работи со минимални оперативни трошоци (на 12 вати струја) па троши само 2 мкд струја на ден, лесно се ракува, одржува и чисти, има 2 години гаранција, комплетно е бесшумен и покрива 75м2 простор.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје