00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Фибер ласер машини Е серија


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Автоматски систем за измена со двојна платформа

    Брзината на движењето го намалува времето за вчитување, замена за 10 секунди.

    Брзата размена помеѓу двете платформи значително ја подобрува ефикасноста на работата

    Автоматски менувач на млазници
    Вклучен систем за прецизна контрола на автоматска замена на млазниците со различни материјали и дебелини.

    Погонскиот систем со висока прецизност обезбедува сигурна замена и стабилност

    Најновите функции за автоматска калибрација и чистење постигнуваат целосна автоматизација на калибрацијата на ласерската глава и чистењето на млазницата, што пак овозможува намалување на рачна работа за одржување.

    Целосно затворената заштита на целата опрема ги подобрува безбедносните перформанси на деловите и безбедноста при работа.

    Bodor Cloud
    IoT Cloud платформа за CNC машини за ласерко сечење

    Основа изработена од леано железо

    Употребата на графитни делови, чија најниска јачина на затегнување е 200MPa, овозможува силна апсорпција поместувања и отпорност на абење. Содржи висок степен на јаглерод, со голема јачина и цврстина. Осетливоста на ниски температури и јазови во основата ги намалуваат загубите при употребата, задржувајќи ја прецизноста во работењето подолг период, а во исто време без деформации на основата за целиот животен циклус.

    Автоматско избегнување на пречки
    》ACC во индустрија за ласерско сечење

    Интелигентен анти-судир
    Радарниот систем од 360 степени ќе предвиди и открие какви било пречки, овозможувајќи и на Z-оската со голема брзина веднаш да избегне пречки доколку се случат

    Овозможува поголема ефикасност, помалку трошоци
    Пониска стапка на оштетување на главата на ласерот, што заначително го намалува трошокот за клиентот за одржување, а во исто време овозможува подолга издржливост.
    Се избегнува прекин на производството предизвикано заради пречки со што обезбедувате континуирано производство.

    Ласерска глава со автоматско фокусирање

    Автоматски фокус
    Применлив за повеќе фокусни должини, автоматски ја прилагодува фокусната позиција во процесот на сечење кај плочи со различна дебелина.

    Самостојна
    Фокусната должина е контролирана од оперативен систем, кој е автоматски, нема рачно регулирање и го намалува бројот на грешки.

    Брза
    Усвоената Bodor технологија за перфорација на молња го намалува работното време за 90%. Ласерската глава со автоматско фокусирање може автоматски да ги прочита параметрите за складирање на системот при промена на различни метални плочи, со што се реализира совршено сечење со употреба на помалку гас и електрична енергија за пониска цена и голема ефикасност.

    Точна
    Поставување на фокусна должина на перфорација и фокусна должина на сечење со голема прецизност.

    Издржлива
    Вградената двојна структура за ладење на вода која обезбедува постојана температура на компонентите на колематизација и фокусирање, спречува прегревање на леќите и го продолжува нивниот работен век .

    Аларм за низок притисок на помошниот гас
    Обезбедува откривање на притисок во реално време, известува за погрешни информации, обезбедува следење на квалитет и прецизнос на сечење, известува за навремена замена на гас.

    Лиена алуминиумска греда
    Формирана и вклопена во интегрален челичен калап и die-casting технологија, лесната греда овозможува операции на опремата со голема брзина, подобрувајќи ги ефикасноста и квалитетот на обработката.

    Со вештачкото стареење (вид тестирање на корозија), и третман за подобрување и финиширање, гредата поседува добар интегритет, цврстина, квалитетна површина, ригидност и еластичност. Алуминиумската легура се карактеризира со мала тежина и силна цврстина, кои се корисни за голема брзина на движење при обработка, а големата флексибилност е корисна за брзото сечење на разни материјали со висока точност. Лесната греда и дава на опремата голема брзина на работа, подобрувајќи ја ефикасноста на обработката и онбезбедувајќи подобар квалитет.
  • профил на компанијата

    Бодор Македонија

    • Опис на компанијата:БОДОР МАКЕДОНИЈА -Провајдер на фибер ласери -Фокусирани на високо моќни машини за сечење со фибер ласер Фабрика со врвни стандарди, меѓународен квалитет Производството ги исполнува европските стандарди и меѓународната контрола на квалитетот, потврдени со сертификати како CE / FDA / ISO9001 / SGS. Меѓународен бренд, Европски квалитет, Интелигентно производство во Кина Компанија котирана на берза која служи на светот во повеќе од 150 земји и региони. Асортиманот на Бодор машините вклучува: -Машини за сечење со Фибер ласер P серија E серија F серија A серија C серија -Машини за ласерско сечење на лим и цевки P-Т серија E-T серија F-T серија A-T серија -Машини за ласерско сечење на цевки T230 T360 T230A T360A T230E X160 X260 X160A X260A M500 K серија -Останати машини за ласерско сечење Машини за ласерско сечење со висока моќност Машини за ласерско сечење со висока прецизност Mашини за сечење на лимови од котур -Автоматизирани уреди за сечење на плочи iTransTower iTrans iLoader iLift
    • Име на контакт лице:Бодор Македонија
    • Адреса:Оцка Михајлоски 17
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Мобилен #:075 423380
    • Телефон #:076 479707



    076479707

    корисничка поддршка