00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

РЕКУПЕРАТОРИ FLOW

РЕКУПЕРАТОРИ FLOW

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Термоповратните единици – рекуператори се многу корисни за редукција на термички загуби кај инсталации со надворешен (свеж) воздух и исфрлување на отпаден воздух. Благодарение на вкрстеното преминување на воздухот низ топлиноизменувач, отпадниот воздух ја пренесува топлинската енергија на свежиот воздух. Ова овозможува да се надомести и до 50% од термичката енергија која во нормални услови би се изгубила заедно со отпадниот воздух. Со цел да се задоволат барањата на различен тип на инсталации како и да се овозможи лесен пристап за одржување и инспекција, сите надворешни панели се отстранливи. · 6 големини · 2 верзии за инсталација · Проток на воздух 500 ÷ 3.000 m3/h
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Техно Ауто
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка