00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

КЛИМАКОМОРИ MEKAR

КЛИМАКОМОРИ MEKAR

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:23МК серијата на клима комори претставуваат еволуција на историската 03МК серија, од кои ја наследија нивната габаритност, флексибилност и сигурност интегрирајки многу технолошки и производни подобрувања. Тајната на овие подобрувања е во автоматизацијата на процесот на производство, обезбедувајки максимален избор на компоненти и максимални перформанси во најекономични големини за производство. За да се постигне сето ова, поделени се во три категории, со 28 основни модели и 16 модели со редуцирана висина особено погодни за сместување во спуштени плафони или во простории со ниски висини. Големиот избор на модели овозможува да најмалиот возможен модел биде избран според брзината на воздухот низ изменувачот. 23МК клима коморите се затоа достапни во 44 модели за проток на воздух од 1.000-80.000 m3/h и со статички притисок до 2.500 Pa. На 16 клима комори со редуцирани висини можат дополнително да им се редуцираат висините со отстранување на стандардните 150мм високи профили за носење (ногарки) на посебно барање. Изборот и понудата на клима комората може да биде направен на два различни начини: 1. Со употреба на софтвер за селекција MEKAR CONFIGURATOR достапен во Windows конфигурација. 2. Со избор на една возможните стандардни конфигурации. 1 избор. (компјутерски избор) е препорачан избор за секаков вид на ситуации бидејки овозможува прецизен и брз избор и пресметка на една или повеќе клима комори земајќи ги во обѕир сите аспекти од спецификацијата која се бара. Финалниот приказ на изборната документација дава обемен приказ на информации, технички к-ки и капацитети на секоја компонента, психометриски дијаграм на третираниот воздух и во летниот и во зимскиот циклус, детални цртежи со димензии и позиции на приклучоци и тоа како во .PDF, .DXF и .RTF формат. 2 избор. Избор од стандардни конфигурации покрива лимитиран број на случаи меѓутоа тоа се најчесто употребувани типови во пракса. Ова му овозможува на операторот брзо да дојде до приближни димензии, тежини и буџет за некоја клима комора, и овој начин не треба да се смета како добра замена на компјутерскиот избор, кој сепак претставува најдобар начин на избор на клима комори кој обезбедува целосно совпаѓање на дизајнираните со бараните податоци.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Техно Ауто
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка