Метало-преработувачки работи
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Во погонот машинска работилница има инсталирано и работат повеќе разновидни машини: -Преса за отсекување лимов; -Преса за пластична деформација на материјалите; -Универзални стругови; -Универзални глодалки; -Линија за континуирано обликување лимови за панели; -Преса за изработка на панели; -Брусалки и други машини за специјални намени. Во овој погон се врши обработка на разни машински елементи како за нашите потреби така и за потребите на нашите клиенти. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Достапност:Контакт
Продавач:Златна рака-М
профил на компанијата
Златна рака-М
- Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
- Име на контакт лице:Влатко
- Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:072248853
- Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
- Факс #:00 389 (0) 2722443
- Година на регистрација:1970
- Локација на мапа:Прикажи