ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Следејќи го планот за континуиран развој во технологијата за обработка на метали и неметали воведовме напредна ласерска технологија за прецизно сечење на метални и неметални плочи. Озон го пушти во погон новиот систем за ласерско сечење со висока прецизност од германскиот производител Trumpf - TruMatic L3030, со снага од 1,5kW, врвот на технологијата и квалитетот во светот на ласерите. Ласерскиот зрак, како алатка за безконтактно сечење, овозможува брзо и прецизно сечење со тесен зрак. Прецизното сечење овозможува мазен раб кој нема потреба дополнително да се обработува. Ласерското сечење ни овозможува да Ви обезбедиме највисок квалитет на услуга и да се справиме со работни задачи од која било големина и опис. Ласерското сечење со ЦНЦ технологија и припрема на специјален софтвер овозможува максимална заштеда на материјали, време и ресурси. Ласерското сечење во заштитена гасна средина овозможува минимална опфатена површина на термичко влијание на материјалите со што материјалот останува со висок и константен квалитет на местото на сечење. Во Озон ласерски можеме да сечеме различни материјали, вклучувајќи челик до 12мм, нерѓосувачки челик до 4мм, алуминиум до 3мм и други материјали. Ласерски може да сечеме и најмали детални сложени облици, вклучувајќи секакви комплексни контури, многу остри агли, мали дупки, тесни мрежи, уметнички дизајни, логоа и секакви сложени форми - брзо, ефикасно и економски исплатливо. Во нашата високо технолошка фабрика поседуваме најсовремени ЦНЦ машини за сечење, виткање, пресување, ролување, дупчење, заварување и фарбање на полупроизводи или готови производи.
Категорија:Изработка по нарачка – услуги
Достапност:По нарачка
Продавач:Озонер
Земја на потекло:Македонија
профил на компанијата
Озонер
- Опис на компанијата:Производство на опрема за климатизација и вентилација, клима комори, рекуператори, системи за обновување на енергија, топлински пумпи, трговија со градежни материјали, изведба на машински инсталации, ласерско сечење на метали и други видови на обработка на истите.
- Име на контакт лице:Зоран Кузмановски
- Адреса:Борис Трајковски 73-а
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:38970262827
- Телефон #:38923091212
- Факс #:38923091215
- Година на регистрација:1999
- Број на вработени:31
- Процент на извоз:45
- Локација на мапа:Прикажи