00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

МЕХАНИЧКИ ЗАПТИВАЧИ (ЗАПТИВКИ, СЕМЕРИНЗИ СО ПРУЖИНА) ЗА FLYGT ПУМПИ


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Покрај стандардните компонентни механички заптивачи, М.Х.П. Сеал Енгинееринг како застапник на програмата на AESSeal, UK има директна замена за оригиналните механички заптивачи за FLYGT пумпи. За разлика од оригиналните механички заптивачи за FLYGT пумпи, механичките заптивачи од програмата на AESSeal се изработени со поробусна конструкција, односно куќиштето на заптивачот е целосно метално и имаат унапреден начин за фиксирање кон вратилото од пумпата. Исклучувањето на пластиката како основен градбен елемент на механичкиот заптивач за FLYGT пумпи значително ја зголемува надежноста, работниот век и ги надминува проблемите со кршење на механичките заптивачи при нивната инсталација.
  • Достапност:Контакт
  • Земја на потекло:Велика Британија
  • профил на компанијата

    М.Х.П. Сеал Енгинееринг

    • Опис на компанијата:Компанијата М.Х.П. СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ е основана во 2004 година со седишта во Скопје и Белград, а од неодамна и во Лудбрег, Р.Хрватска. Наш принципал е A.W.CHESTERTON International Inc, USA за кого сме и генерални дистрибутери за териториите на Р.Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Со цел да се одговори на сите потреби на клиентите, МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ ги застапува и следните компании: KTR-GmbH, Pulsarlube-USA, Parson Adhesives-USA, IBS Scherer-GmbH, AesSeal-UK и многу други. На нашите клиенти им нудиме високо технолошки решенија и производи во повеќе области на индустриска примена кои се резултат од експертските знаења на нашите партнери и локалниот сервис и поддршка од страна на МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ. Палетата на производи која ја нудиме е со докажан и загарантиран квалитет, а тоа го потврдува фактот што нашиот принципал A.W.CHESTERTON со своето 125 годишно искуство во индустријата е водечки светски производител на заптивни системи за индустриски флуиди, високо-технолошки полимерни материјали, специјална хемија за индустриско и процесно чистење и одмастување, специјални масти и масла за подмачкување и наменски производи за заштита на деловите од агресивни индустриски влијанија. Во рамките на нашата компанија функционира и малопродажба, во којашто на лагер во разни димензии можете да најдете заптивки за хидраулика и пневматика, радијално-осовиниски заптивки – семеринзи, О-прстени, механички заптивачи, како и рамни заптивни безазбестни табли (клингерит), плетеници за пумпи, плетеници за високи температури, технички производи, индустриски лепила и др. производи коишто се застапени во секоја индустрија.
    • Име на контакт лице:Александар
    • Адреса:ул. Перо Наков бр. 1, ЖАС
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Локација на мапа:Прикажи
    • Повеќе детали



    02321707300389023109418

    корисничка поддршка
    Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.


    Ги прифаќам ситеГи прифаќам неопходнитеПовеќе