КЛИНГЕРИТИ - БЕЗАЗБЕСТНИ РАМНИ ЗАПТИВНИ ТАБЛИ (ПЛОЧИ)
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Цени од 1.200 до 14.000 денари. Клингерити - Безазбестни рамни заптивни табли (плочи) за изработка на дихтунзи за статичко заптивање на прирабници (фланши), капаци и редуктори. М.Х.П. Сеал Енгинееринг располага со широка палета на клингерити во стандардни димензии (1500 х 1500mm) и различни дебелини во зависност од потребите на апликацијата. За задоволување на различните работни параметри на лагер имаме клингерит за притисок до 120bar и температура до 350°С. По барање на клиентите во можност сме да испорачаме и пресечени заптивки на точна мерка за станрдни или нестандардни прирабници.
Достапност:Има залиха
Продавач:М.Х.П. Сеал Енгинееринг
Земја на потекло:ЕУ
профил на компанијата
М.Х.П. Сеал Енгинееринг
- Опис на компанијата:Компанијата М.Х.П. СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ е основана во 2004 година со седишта во Скопје и Белград, а од неодамна и во Лудбрег, Р.Хрватска. Наш принципал е A.W.CHESTERTON International Inc, USA за кого сме и генерални дистрибутери за териториите на Р.Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Со цел да се одговори на сите потреби на клиентите, МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ ги застапува и следните компании: KTR-GmbH, Pulsarlube-USA, Parson Adhesives-USA, IBS Scherer-GmbH, AesSeal-UK и многу други. На нашите клиенти им нудиме високо технолошки решенија и производи во повеќе области на индустриска примена кои се резултат од експертските знаења на нашите партнери и локалниот сервис и поддршка од страна на МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ. Палетата на производи која ја нудиме е со докажан и загарантиран квалитет, а тоа го потврдува фактот што нашиот принципал A.W.CHESTERTON со своето 125 годишно искуство во индустријата е водечки светски производител на заптивни системи за индустриски флуиди, високо-технолошки полимерни материјали, специјална хемија за индустриско и процесно чистење и одмастување, специјални масти и масла за подмачкување и наменски производи за заштита на деловите од агресивни индустриски влијанија. Во рамките на нашата компанија функционира и малопродажба, во којашто на лагер во разни димензии можете да најдете заптивки за хидраулика и пневматика, радијално-осовиниски заптивки – семеринзи, О-прстени, механички заптивачи, како и рамни заптивни безазбестни табли (клингерит), плетеници за пумпи, плетеници за високи температури, технички производи, индустриски лепила и др. производи коишто се застапени во секоја индустрија.
- Име на контакт лице:Александар
- Адреса:ул. Перо Наков бр. 1, ЖАС
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 3217 073; Продавница: 00 389 (0)2 3109 418;
- Факс #:00 389 (0)2 3217 079
- Локација на мапа:Прикажи