00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Сталажи

Сталажи

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Опремата за складирање и магацини всушност опфаќа најразлични видови на флексибилни сталажи кои се изработени по пат на сечење, виткање, метал штанцање, пробивање и втиснување, со соодветни димензии и носивост како и со едноставна можност за транспорт и складирање. По својата носивост се делат на: лесни, средни и тешки.

    Лесни полични сталажи:

    Лесните полични сталажи, со 5 полици, се со следните карактеристики:

    -висина: 2000 mm;

    -ширина: 960 mm;

    -длабина: 320, 420 или 520 mm.

    Носивоста по полица е 50 kg.
    Димензиите на барање на инвеститорот можат да бидат променети.

    Средни полични сталажи:
    Овие сталажи се со носивост до 500кг. по полица и можат да бидат димензионирани согласно барањата на инвеститорот.

    Тешки сталажи:

    Овие сталажи се со носивост >500кг. по полица и можат да бидат димензионирани согласно барањата на инвеститорот.

    Во оваа програма спаѓаат и метални сталажи за складирање на тутун во бали, со соодветни димензии и носивост , како и наменски изработени сталажи за складирање на било каков друг материјал.
  • Достапност:По нарачка
  • профил на компанијата

    Мзт Инженеринг

    • Опис на компанијата:МЗТ Инженеринг - Битола е основана во 1984 год во Битола, Република Македонија. Во 1998 год. започна со развој на сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање. За обавување на оваа дејност, МЗТ Инженеринг Битола располага со сопствен производен погон, лоциран во Струмица, каде што на простор од 2000м² функционира цела палета на ексцентар и хидраулични преси од 40 до 500 тони, со кои се обавуваат постапки од областа на длабоко извлекување и метал штанцање, пробивање и втиснување, како и со целокупна потребна опрема за монтажа на разни склопови, заварување и пунктирање, ЦНЦ сечење со плазма и линија за површинска заштита. Во склоп на фирмата функционира и проектантско биро во кое се конструираат алатите за длабоко извлекување и метал штанцање, врз база на што се пристапува кон изработка на конкретните алати. Сите постапки се изведуваат во согласност со стандардите ISO 9001:2000 за кои што МЗТ Инженеринг доо Битола е сертифицирана од 2001.МЗТ Инженеринг покрај сертификатиот за квалитет поседува сертификат за животна средина ISO 14001:2004. Овој произвотствен погон, како докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн. стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот.
    • Име на контакт лице:Иван
    • Адреса:Св.Климент Охридски б.б., лам.2/6
    • Поштенски број:7000
    • Град:Битола , Македонија
    • Телефон #:047239731; 047239732
    • Факс #:047203731
    • Локација на мапа:Прикажи



    047239731047239732

    корисничка поддршка