00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

SATTWA крем за ноќ со матични клетки од јаболко и маслиново масло


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:SATTWA кремовите со матични клетки од јаболко и маслиново масло, како и целата колекција SATTWA, се наменети за нега на кожата по 30-тата година, а особено по 40-тата година. Со новите кремови од колекцијата SATTWA се постигнува интензивна ревитализација на возрасната кожа, преку активирање на сопствениот систем на матични клетки во кожата. Самиот збор матични клетки означува клетки кои имаат можност самите да се реплицираат. Затоа, матичните клетки од јаболко претставуваат уникатна компонента, која ја поттикнува регенерацијата и подмладувањето на кожата, а со тоа и заштитата од предвременото стареење на матичните клетки на кожата на човекот. Матичните клетки од јаболко се добиени од редок вид швајцарски јаболка. Овие клетки се карактеризираат со можност за брзо реплицирање и за обновување на повредените ткива. Матичните клетки од јаболко, освен што го активираат созадавањето на матичните клетки во кожата, тие го продолжуваат нивниот животен век, ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес и ја регенерираат оштетената клеточна ДНА. Комбинацијата на суровините и на екстрактите, кои влегуваат во составот на новите два крема, се во согласност со најновите научни достигнувања од областа на козметиката против стареење (anti-age). Комбинација на матичните клетки од јаболко со суровините во кремот за ноќна употреба, ја хранат и ја ревитализираат кожата во текот на ноќта, овозможуваат подобар тонус и еластичност на кожата и го забавуваат процесот на нејзиното стареење. • протеините од ориз – формираат заштитен протеински филм кој ѝ дава на кожата влага, мекост и виталност; • витамин Е – ги неутрализира слободните радикали и го спречува нивното прекумерно создавање, со што се забавува процесот на стареење; • маслиновото масло – делува омекнувачки и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата; • маслото од авокадо и путерот од Butyrospermum Parkii – ја подобруваат исхраната и ја штитат кожата, правејќи ја при тоа нежна и мека. Со редовна употреба на SATTWA кремовите со матични клетки од јаболко и маслиново масло од колекцијата SATTWA, на кожата ѝ се враќа младиот изглед и свежина. • За подобрена ревитализација, тонус и еластичност на кожата. • За забавување на процесот на созадавање брчки. • За стимулација на клеточната регенерација.
  • Категорија:Нега на кожа
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка