00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Sattwa балсам против целулит 500 ml, 1000 ml


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Sattwa балсамот против целулит, во својата формулација ги содржи сите сознанија стекнати од науката, природата и технологијата.

    Станува збор за висококвалитетна формулација која во себе содржи активни материи насочени директно кон отстранување на причините за појава на целулит: намалена циркулација и намален одлив на течности и маснотии.

    Во производот се вградени следниве активни материи:
    •Бензилникотинат - дејствува рубифациентно и има затоплувачки ефекти на местото каде се нанесува. Во исто време дејствува и на ширењето на крвните садови и овозможува зголемена циркулација, со што се зголемува дотурот на храна и на кислород во масното ткиво.
    •Екстракт од бршлен - во својот состав содржи сапонини и биофлавоноиди. Сапонините ја зголемуваат пропустливоста на клеточните ѕидови, а биофлавоноидите пак, ја зголемуваат крвната циркулација и еластичноста на масното ткиво. На овој начин се зголемува приливот на храна и на кислород и одливот на непотребните, исталожени маснотии и течности.
    •Кофеин - во себе содржи пурински бази со изразено диуретично дејство. Тие го зголемуваат исфрлањето маснотии и вода од организмот, а истовремено дејствуваат и на разградувањето на нерастворливиот тип маснотии во клетките.

    Овие активни материи се вградени во една немасна подлога која содржи висок процент на вода. На ваков начин, балсамот полесно се интегрира со ткивата и со клетките. Ваквата хидрофилна формулација, воедно, и не ја мрси облеката.
    Со редовна и упорна употреба се топат т.н. "кнедли" во кожата, таа го губи изгледот на "кора од портокал" и станува здрава, цврста, нежна и еластична.

    Начин на употреба на Sattwa балсамот:
    Балсамот се нанесува обично навечер, по туширање, со благо втривање во кожата. Не е потребно користење гаќички или виткање со фолија.
  • Категорија:Нега на кожа
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка