00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Becutan маслено средство за капење 150ml


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Формулацијата на масленото средство за капење Becutan е изработена врз база на природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла богати се со масни киселини - омега 3 и омега 6, кои припаѓаат во групата мембраноформирачки фосфолипиди, што подразбира дека помагаат во одржувањето на природниот липиден баланс на кожата и придонесуваат за јакнење на нејзината заштитна функција. Природните растителни масла лесно се апсорбираат во кожата, влијаат на подобрување на нејзината еластичност и ја омекнуваат. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, кој дејствува антиоксидативно, антиинфламаторно и регенеративно; витамин А, кој ја одржува природната влажност на кожата и витамин Ц, кој ја подобрува микроциркулацијата, а со тоа и размената на хранливите материи во клетките на кожата, при што придонесува таа да остане мазна, нежна и еластична.

    • Клинички тестиран;
    • со омега 3 и 6;
    • со витамини А, Е и Ц;
    • со масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло;
    • има приспособена pH вредност;
    • се препорачува за возрасни со сува и осетлива кожа.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка