00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Подлоги за повивање


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Becutan подлогите за повивање имаат едноставна и практична примена која овозможува промената на пелените да се одвива во хигиенски услови, но истовремено и да се заштитат површините на кои се повива бебето, или пак на кои престојува подолго време, заради поудобна игра на подот, заштита на детското седиште во автомобилот, како и заштита на бебешката количка. Подлогите се состојат од надворешна, непропустлива заштитна обвивка и извонредно мек површен слој на кој се поставува бебето. Подлогите за повивање секако наоѓаат практична примена во повеќе ситуации од секојдневието:
    • При секое повивање. Првенствено за да се обезбедат похигиенски услови во кои се одвива повивањето (особено надвор од дома), истовремено заради поголема удобност за детенцето, но и заради заштита на површините на кои се одвива повивањето.
    • За поудобна игра на подот но истовремено и заради заштита на површините на кои си игра детенцето.
    • Во автомобилот, за заштита на детското седиште од несакано валкање.
    • При прошетка, за заштита на бебешката количката и во услови кога детенцето треба да се положи на некоја површина во надворешна средина.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка