00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Градежна комерција (SCC)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е доста модерна и современа апликација, единствена на пазарот од овој вид за задоловување на потребите пред се на градежните компании. Пакетот генерално може да се подели на четири логички целини: •Пресметка на трошоци за објект •Следење на објект •Подизведувачи •Контрола на потрошени материјали. Главните цели кои се постигнати од страна на софтверското решение на “Пресметка на трошоци и следење на проекти” се: •Имплементирање на интегрирана база на податоци за градежни норми •Апликација со која се врши пресметка на трошоци и следење на проекти во градежништвото Софтверското решение се состои од следниве главни функционални делови: •Електронско досие на градежни проекти •Внесување на позиции на проектот •Калкулации и пресметки •Следење на времени ситуации и ситуации за подизведувачи •Контрола на потрошени материјали (споредба на пресметани трошоци од калкулациите и стварно однесени количини на материјали според материјалното работење). Апликативниот пакет служи за внесување на позиции во проект според однапред одредени градежни норми, вршење на пресметки за проектот според износи и време, водење на евиденција за потрошените ресурси во проектот, како и водење на ситуации за извршени работи и ситуации за подизведувачи. Повеќе информации за овој пакет може да добиете на следниов линк http://elikosoft.com.mk/mk/Solution.aspx?option=scc. Еликософт со својот тим стои на располагање на сите заинтересирани субјекти за било какви информации.
  • Категорија:Софтвер
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Еликософт
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Еликософт

    • Опис на компанијата:Компанијата е основана во 1994 година во Скопје со цел да изработува физибилити студии и апликативни решенија од областа на банкарство, градежништво, трговија, земјоделие како и од други области, прилагодени за потребите на корисниците. Транзицијата во Македонија отвори многу нови можности. Побарувачката на пазарот растеше во други економски полиња и ние ја увидовме можноста да делуваме и во други области од бизнисот како што е градежништво, па за таа цел се формираа два тима во компанијата и тоа IT сектор и Сектор за градежништво. Еликософт е помеѓу првите компании во регионот на Југоисточна Европа што развива и одржува високо квалитетни решенија во доменот во кој работи. Услугите што ги нуди компанијата вклучуваат советување, планирање, изработка и обука, преку директни контакти со корисникот на информационите системи. Еликософт е присутен на бизнис пазарот во Македонија изминативе дваесет години и во моментов брои повеќе од десет високо квалификувани и сертифицирани експерти, поделени во следниве сектори: • Развој и дизајн на софтвер • Одржување на апликативни софверски решенија • Обука, Help Desk и подржка на крајните корисници • Развој на web апликации • Сектор за градежништо – проектирање, надзор и изведба • Маркетинг • Финансии и администрација • Дистрибуција Нашиот профил можете да го разгледате на следниов линк http://elikosoft.com.mk/mk/About.aspx
    • Име на контакт лице:Rade Petrovski
    • Адреса:ul. Majka Tereza br. 11 lok. 2
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:00 389 75 247 249
    • Телефон #:00 389 (0)2 3216 496
    • Факс #:00 389 (0)2 3216 496
    • Година на регистрација:1994
    • Број на вработени:10
    • Локација на мапа:Прикажи



    023216496

    корисничка поддршка