00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Деловна продуктивност (ERP)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ERP решение кое е дизајнирано да одговори на потребите на секоја компанија, базирано на 20-годишно искуство и експертиза во развивање на интелигентен деловен софтвер.Информациониот систем ERP ги содржи следниве апликативни решенија:•Управување со магацини (магацинско работење)•Материјално работење •Финансово работење •Девизно финансово •Набавки и односи со добавувачите •Организација на процесот на производство (workflow management) •Управување со документација •Управување со недвижни основни средства (Asset lifecycle management) •Благајна •Камати. Информациониот систем е скалабилен и во него лесно може да се интегрираат нови производни капацитети и нови технологии во производниот процес. Во однос на доверливоста системот ги задоволува барањата за безбедност на информации во согласност со ISO 270001:2005. Добро имплементиран и правилно употребуван информационен систем во една компанија значи дека, ваквата компанија има значителна компетитивна предност во однос на конкуренцијата. Корисниците ги извршуваат нивните задачи/активности преку Информациониот систем за краен корисник со GUI клиент. На тој начин се обезбедува целосна информатичката поддршка за сите корисници во реализација на нивните бизнис процеси. Информациониот систем за размена и автоматска обработка на податоци е имплементиран врз основа на ASP .Net технологија, а во неговата основата е SQL база на податоци која се користи за чување на податоците генерирани при реализација на бизнис процесите. Нивото за презентација се базира на Microsoft .NET Framework, што обезбедува стандарден изглед и чувство како да се работи во било која апликација базирана на Windows оперативниот систем. Водењето успешен бизнис денес, во голема мера зависи од времето кое вам ви е потребно да одговорите на предизвиците кои со себе ги води вашата работа. Речиси е невозможно да се следи чекорот со успешните без користење на придобивките кои ги нуди информатичката технологија. Можноста која ние ви ја нудиме со користењето на нашиот софтвер е неограничена. Апликацијата е базирана на .NET платформата која што е една од најновите и една од најдобрите технологии. Во апликацијата се имплементирани последните технолошки достигнувања на ASP .NET програмскиот јазик во поглед на безбедност, брзина, стабилност и приспособливост. Повеке информации за овој пакет можете да најдете на следниов линк http://elikosoft.com.mk/mk/Solution.aspx?option=erp Еликософт со својот тим стои на располагање на сите заинтересирани субјекти за било какви информации.
  • Категорија:Софтвер
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Еликософт
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    Еликософт

    • Опис на компанијата:Компанијата е основана во 1994 година во Скопје со цел да изработува физибилити студии и апликативни решенија од областа на банкарство, градежништво, трговија, земјоделие како и од други области, прилагодени за потребите на корисниците. Транзицијата во Македонија отвори многу нови можности. Побарувачката на пазарот растеше во други економски полиња и ние ја увидовме можноста да делуваме и во други области од бизнисот како што е градежништво, па за таа цел се формираа два тима во компанијата и тоа IT сектор и Сектор за градежништво. Еликософт е помеѓу првите компании во регионот на Југоисточна Европа што развива и одржува високо квалитетни решенија во доменот во кој работи. Услугите што ги нуди компанијата вклучуваат советување, планирање, изработка и обука, преку директни контакти со корисникот на информационите системи. Еликософт е присутен на бизнис пазарот во Македонија изминативе дваесет години и во моментов брои повеќе од десет високо квалификувани и сертифицирани експерти, поделени во следниве сектори: • Развој и дизајн на софтвер • Одржување на апликативни софверски решенија • Обука, Help Desk и подржка на крајните корисници • Развој на web апликации • Сектор за градежништо – проектирање, надзор и изведба • Маркетинг • Финансии и администрација • Дистрибуција Нашиот профил можете да го разгледате на следниов линк http://elikosoft.com.mk/mk/About.aspx
    • Име на контакт лице:Rade Petrovski
    • Адреса:ul. Majka Tereza br. 11 lok. 2
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:00 389 75 247 249
    • Телефон #:00 389 (0)2 3216 496
    • Факс #:00 389 (0)2 3216 496
    • Година на регистрација:1994
    • Број на вработени:10
    • Локација на мапа:Прикажи



    023216496

    корисничка поддршка