Опис на компанијата:Континуираниот развој преку набавка на современа и софистицирана опрема како и преку квалитетно изведени проекти овозможи фирмата Кипо да влезе во редот на најреномираните фирми во областа на нискоградбата во Источна Македонија.
Без разлика на големината и значењето, видот на услугите кои ги обезбедуваме за нашите клиенти се составен дел од изведбата на сите објекти од нискоградба и високоградба. Нема ниту едно подрачје од градежништвото каде што нашите услуги не се нопходни, имено квалитетната изведба на било кој објект првенствено е условена од квалитетот на нашите услуги.
Токму затоа при изведувањето на нашите проекти користиме најквалитетни материјали, најсовремена опрема како и нашиот највреден ресурс, а тоа е стручниот кадар.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје