МОТОРНИТЕ И ИНДУСТРИСКИТЕ МАСЛА - ЕКОЛОШКИ ПРЕДИЗВИК
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Загадувањето со нафтени деривати е еден од најраспространетите видови загадување на сите природни амбиенти (воздух, копно и вода) и сите се подеднакво загрозени. Станува збор за искористени масла, кои како отпад се јавуваат во сите индустриски области и дејности во вид на моторни масла од возните паркови, хидраулични масла, масла кои се користат во металообработувачката индустрија, трафо-масла, масла од компресори, турбини, антикорозивни масла, тешки битуменски остатоци кои се појавуваат при чистење на резервоарите за мазут, јаглеродни остатоци од петрол-индустријата, отпадни масла од прехранбената индустрија и слично. Современите токсиколошки и хемиски истражувања покажуваат дека отпадните масла се најопасни загадувачи на животната средина. На земјата и во неа, поради слабата биолошка разградливост, отпадните масла долго се задржуваат, уништувајќи ја микрофлората и правејќи ја почвата неплодна. Носители на токсичноста и потенцијалната канцерогеност кај отпадните масла се нивните контаминанти, што во нив се јавуваат поради деградација на компонентите при употреба. Основни носители на канцерогените потенцијални во маслата се полицикличните аромати. Но, неодамна се откриени полихлордифеноли и полихлортрифенил во отпадните масла. Тоа се токсични и канцерогени супстанци, кои се акумулираат во организмот на човекот, споро биолошки се разградуваат и го уништуваат имунолошкиот систем. Отпадните масла, како носители на токсични и канцерогени материи, мора да бидат соодветно третирани и отстранети на адекватни начини, со кои се спречува загадувањето на животната околина. Во принцип, постојат два начина: - повторно користење (рерафинација, пречистување) и - ефикасно складирање и спалување. Содржина на прирачникот: ВОВЕД (Потреба од масла и подмачкување) Видови подмачкување Видови масла и мазива Физичко-хемиски карактеристики Адитиви за мазива Класификација на мазивата Подмачкување на машински елементи и механички системи Организација на подмачкувањето Отпадни масла Пречистување и регенерација на отпадните масла Еколошки предизвик - заштита на животната средина Економски аспект и законска регулатива
Категорија:Книги
Достапност:Контакт
Продавач:Космо Иновативен Центар
профил на компанијата
Космо Иновативен Центар
- Опис на компанијата:Претприемничките искуства на Софроние и најмладиот син Козмо стекнати за време на неколкугодишниот работен ангажман во металниот и енергетскиот сектор во САД во 1920-тите години резултираше со основање мала мелница за производство на брашно во Кичево, Македонија. Набрзо, малата работилница до крајот на 1930-тите години прерасна во мрежа од 4 современи мелници со рационален хидроенергетски погон, а компанијата стана регионален лидер во својата област. Променетите општествени услови наложија наследниците на Козмо своите претприемнички способности да ги реализираат преку техничко-енергетски консалтинг и научно-истражувачка работа во Канада и Македонија. Акумулираното семејно искуство и новото деловно опкружување во 1990-тите години придонесе за обновување на претприемничката традиција и инвестирање во развој на компанија за проектирање и консалтинг во производно-енергетските технологии. Компанијата ги прошири дејностите и прерасна во иновативен центар за правно-економски, финансиски и маркетинг outsourcing consulting и бизнис-инкубатор за мали и средни претпријатија.
- Адреса:бул.Јане Сандански 113
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:02/2448077
- Година на регистрација:1920
- Локација на мапа:Прикажи