Опис на компанијата:Може да се рече дека ИЗО СТАКЛО ДОО Прилеп, се појави како феникс од пепелот, на основата на добро познатото акционерско друштво во тогашната СФРЈ-Сигурносно Стакло АД Прилеп. После успешната трансформација на државниот капитал, беше приватизирана и паралелно со неа почна да егзистира друштвото ИЗО СТАКЛО ДОО Прилеп, инвестирајќи во нова современа опрема и проширувајќи ја производната програма со производство на структурални фасади, алуминиумски и пвц профили, како и примена на стаклото во современиот внатрешен и надворешен дизајн во домовите.
Со задоволство можеме да кажеме дека сме единствена компанија во Р.Македонија, но и во регионот, за производство на шофершајбни, калено и ламинирано стакло, како и панцир стакло со дебелина до 33мм.
Наше мото: Максимално да им се доближиме на нашите потрошувачи, нудејќи им квалитетен и ефтин производ, како и да станеме лидер во производството на шофершајбни и ламинирано стакло во регионот.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје