Опис на компанијата:Друштвото за инженеринг, градежиштво, промет на големо и мало со посредување – Инженеринг Трејд од Скопје се смета за една од водечките компании за кровопокривачки работи на територија на Република Македонија. Од своето основање во далечната 1991-ва година, претпријатието бележи исклучителен напредок во работата, при што дводецениското работно искуство особено придонесе за стручно усовршување на сите лимарско-браварски работи. Инженеринг Трејд од Скопје во своите работни простории лоцирани на булеварот Борис Трајковски во близина на населбата Пинтија ги поседува сите неопходни машини за обработка на лим, како што е специјална машина за обработка на лим во форма на трапез со исклучиво квалитетно линиско ребро со можност за обработка на лимот во неограничена должина, машини за обработка на лим во форма на керамида, ламперија, како и апканти, преси и друга соодветна опрема. Како специјализирано претпријатие за кровопокривачки работи, Инженеринг Трејд нуди комплетни и професионални решенија за покривање на секаков вид објекти. Врши продажба, обработка и монтажа на пластифициран лим во сите бои, како и поцинкуван, алуминиумски и бакарен лим. Во текот на изминатите години изградено е богато портфолио на успешно извршени проекти, остварена е соработка со најголемите градежни компании во Република Македонија како и континуирана соработка со голем број на надворешни стручни соработници, професионалци во својата дејност, што воедно претставува потврда за сериозноста, квалитетот и капацитетот на самата компанија. За повеќе информации посетете не во нашите деловни простории. Ве очекуваме
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје