Лутеница
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:ЛУТЕНИЦА. Состав: Пиперки, домати, морков, лук, сончогледово масло, оцет, сол, шеќер, зачини. Расположливи пакувања: 290г, 340г, 540г, 680г
Достапност:Има залиха
Продавач:Випро
Земја на потекло:Македонија
Гаранција:3 години
профил на компанијата
Випро
- Опис на компанијата:ВИПРО ДООЕЛ од Гевгелија е компанија од преработувачката индустрија на храна, која прва го воведе home-made типот на производи во индустриско производство, како што се домашниот ајвар, лутеницата, пинџурот, слаткото и слични други преработки од зеленчук и овошје. Стратегијата на ВИПРО е да учествува на домашниот и меѓународниот пазар со здрава, вкусна, сигурна и квалитетна храна. Притоа, повторно го ревитализира вкусот на нашите баби и дедовци, односно дел од вкусовите од Југоисточна Европа, Медитеранот и Македонија, кои се пример за здрава храна. Производството се остварува со користење на стари традиционални домашни рецепти и користење на суровини од нашето пошироко подрачје. Многу од начините за квалитетна и успешна обработка на суровините сеуште се применуваат на традиционален начин, посебно модернизирани за индустриско производство. ВИПРО произведува вкупно четири групи на производи: 1)Специјалитети од зеленчук (домашен ајвар, лутеница, малиџано, медитерански пинџур, селски пинџур, закуски со црн патлиџан, домати и тиквици, пасти од маслинки, пасирани домати и др.) 2)Кисел програм (корнишони, феферони, лути бабурчиња, цвекло, пиперки, лист од зелка и др.) 3)Сладок програм (слатко од јагоди, слатко од диви смокви, слатко од зрели смокви, слатко од тиква, слатко од дуња, слатко од портокал, мармалад од сливи, мармалад од зрели смокви, џем од кајсија и др.) 4) Вакуум програма (цела зелка, лист од зелка, мешана салата) Овие групи имаат различни Випро брендови, односно: Vipro Tradition, Vipro Sunny Taste, Vipro Fresh Morning, Grillco, VISAN, и најновиот, Vipro De Luxe. Производството на ВИПРО е успешно дистрибуирано во САД, Канада, Австралија, Англија, Нов Зеланд, Германија, Австрија, Шведска, Данска, Швајцарија, Чешка, Косово, Јордан, Обединети Арапски Емирати, и екс-Југословенските држави. Императив на фирмата е да ги услужи потрошувачите со соодветни, сигурни, квалитетни, здрави и вкусни производи. Притоа, ВИПРО останува со познатото мото: "Випро производите се дар од боговите".
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:ул.1 бр.1, с.Прдејци
- Поштенски број:1480
- Телефон #:034/211-917, 02/2783-068. 034/231-088
- Факс #:034/217-931
- Година на регистрација:1992
- Процент на извоз:75
- Локација на мапа:Прикажи