Киноа и киноа микс
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Киноата се користела уште пред 3500 години од Инките во Јужна Америка, а последниве неколку децении нејзината употреба веќе е проширена низ сите континенти, па дури и ОН 2013 година ја прогласија за година на киноата. Најчесто ја употребуваат оние коишто сакаат да го избегнат глутенот бидејќи таа претставува одлична безглутенска храна. Се користи како замена за житни производи во слатки или во солени јадења. Киноата е одличен извор на магнезиум, фосфор и на манган, но и на витамин B9. Во својот состав содржи и други минерали, незаситени масти, голема количина растителни влакна и есенцијални аминокиселини. Магнезиумот е важен за нормални коски и заби, за нормална функција на мускулите, на нервниот систем, на метаболизмот и, најважно, придонесува за намалување на заморот.
Постојат неколку видови киноа, и тоа бела, црвена, виолетова и црна, а нашиот производ Киноа микс претставува мешавина од бела, црна и од црвена киноа.
Постојат неколку видови киноа, и тоа бела, црвена, виолетова и црна, а нашиот производ Киноа микс претставува мешавина од бела, црна и од црвена киноа.
Категорија:Здрава храна
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи