00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Благ компир - Батат (оранж)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Нов Македонски производ конечно и во Македонија, вкусен, хранлив и лековит зеленчук-БЛАГ КОМПИР. Благиот компир (Latin: Ipomea Batatas) потекнува од Јужна Америка и луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години. Тој е високо енергетски производ кој содржи многу скроб а многу малку масти. Благиот компир содржи количина на хранливи материи и витамини од кој било друг зеленчук. Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана бидејќи е богат со јагленохидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали(калиум, железо, магнезиум Во себе содржи големи количини на бета-каротин односно (200 грама од слаткиот компир дава иста количина на бета-каротин како и 5 килограми брокула) Бета каротинот често се нарекува и провитамин А бидејќи организмот во зависност од потребите го претвара во витамин А. Овој витамин игра битна улога во одржување на здрава кожа и слузница бидејќи делува на клетките во нивните најдлабоки делови на начин што тие созреваат и ги заменуваат изумрените клетки од површината на кожата. Бета-каротинот го стимулира функционирањето на инмунолошкиот систем. Тој е познат антиоксиданс кое е важен за добро функционирање на инумолошкиот систем (меѓу другото и за превенција од Алцјамеровата болест) МНОГУ ВАЖНО е дека само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од втаминот Е, кој е многу важен фактор затоа што штити од срцеви болести и затнување на крвните артерии. Благиот компир во себе не содржи холестоерол, масти, и незначителна количина на шеќер. Исхраната богата со благиот компир значително го подобрува квалитетот на живеење на модерниот човек: - штити од кардиоваскуларни заболувања и карцином, - го штити здравјето на очите и го подобрува ноќниот вид, - ИЗВОНРЕДНО го подобрува имунитетот, - влијае на добро расположение, - го продолжува цувството на ситост, - штити од дебелеење и рак на дебелото црево. За јадење благиот компир може да се приготвува како печен, варен, пржен и како пире. Доколу го печете се препорачува да го конзумирате после половина саат бидејќи додека се лади благиот компир се карамелизира и испушта сокови. Се јаде како самостојно јадење и како прилог за месо. погоден е за печење на скара. Можете да го најдете во поголемите маркети низ МАКЕДOНИЈА.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Агро Батат
  • профил на компанијата

    Агро Батат

    • Опис на компанијата:Фирмата Агро Батат се занимава со производство и продажба на благ компир(батат), македонски производ.
    • Име на контакт лице:Бобан Богатинов
    • Адреса:Јужноморавски бригади 62-б
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070/255505
    • Телефон #:071/252305
    • Година на регистрација:2012
    • Локација на мапа:Прикажи



    071252305

    корисничка поддршка