Жалфија 25 g
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Жалфијата потекнува од Медитеранот и е неизоставен дел од приморската флора, со карактеристични сиво - зелени листови, меки на допир, како кадифе. Одамна ја нарекувале “симбол на вечниот дух” и тоа не е случајно. “Салваре” на латински значи “излекува, спасува”. Се препорачува при воспалителни процеси на слузницата на усната празнина и на грлото, при гингивитис или воспаление на непцата. Успешно дејствува и при воспаленија на крајниците, а и при ларингитис или воспаление на гласните жици, како и за лекување на ранички на слузницата на усната празнина, предизвикани од протези или друг вид стоматолошки помагала. GOOD NATURE чајот од жалфија може да се користи при настинка (може да се инхалира нејзината пареа што помага во прочистувањето на синусите), при нарушување со варењето на храната, за намалување на нивото на шеќер во крвта, за стимулација на функцијата на црниот дроб и за намалување на потењето. Во жешките летни ноќи, кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си купка од жалфија што ќе ве разлади и освежи.
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи