Слезов микс - чај за смирување на кашлицата
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Чајна мешавина од сладок корен (слатко дрвце), корен од бел слез, листови од бел и црн слез, цвет од лопен, подбел, мајчина душица и сладок анасон. Билките имаат противвоспалително и спазмолитично дејство. Заради присутните сапонини и слузи во билките, ја смируваат надразнетата слузница при сува кашлица и ја смируваат истата. Истовремено разредувајќи го густиот секрет, помагаат да се олесни искашлувањето при продуктивна кашлица. Се препорачува да се користи секогаш свежо приготвен, неколку часа пред јадење. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакување: 100 g
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи