Овошен чај ацерола со аронија
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Извонредна мешавина од сушени плодови од тропска цреша ацерола и од аронија, како и од други сушени овошја и билки, ароматизирана со арома на цреша. Ацеролата е овошје кое содржи високи концентрации на витамин Ц и затоа претставува одличен природен извор на истиот, како и на витамин А, калциум, железо и биофлавоноиди. Плодот од аронија е исто така богат со витамин Ц и антиоксиданси и во комбинација со ацеролата претставува вистинска „витаминска ризница“ која особено помага во подобрувањето на имунитетот на организмот. Чајот е исклучително вкусен, со слабо киселкаста нота и со богат, овошен вкус. Има карактеристично пријатен мирис на цреша, кој плени со својата уникатност. Се препорачува особено во зимскиот период, во сезона на настинки и грип, но воедно претставува и одлична напивка во топлите летни денови. Уживајте во новиот вкус на Ацерола со аронија!
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи