Камилица со мед 20 x 1 g
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Веројатно комбинацијата на камилица со мед им е веќе омилена на оние вистинските и страсни љубители на добар чај. Цветовите од камилица, богати со етерски масла и карактеристичен мирис, одлично се комбинираат со арома на ливадски мед, со слаткаст мирис и заедно даваат несекојдневно пријатна чајна напивка. Се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, со додаток на шеќер и само неколку капки свежо исцеден лимон. Ќе уживате во кој било дел од денот, а особено во попладневните часови, кога ви е потребна релаксација и мир. Го препорачуваме и како добар почеток на денот, за добро утро, со шолја убав GOOD NATURE чај!
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи