Гавезов микс - чајна мешавина за подобрување на функцијата на цревата од системот за варење
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Чајна мешавина од лист од маточина, жалфија, пелин, корен од гавез, бел слез и други билки кои имаат антибактериско, спазмолитично, противвоспалително и атстрингентно дејство. Се препорачува при состојби на цревни воспаленија придружени со дијареја, болки во стомакот и грчеви во долниот дел на системот за варење. Чајот се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред оброк, неколку пати во тек на денот. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакување: 100 g
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи