Чај против настинка
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Претставува мешавина од билки која во својот состав содржи цвет од бозел, липа, тимјан, слатко дрвце и анасон. Билките имаат антисептични својства, предизвикуваат потење, го олеснуваат искашлувањето и дејствуваат благопријатно на организмот. Особено е карактеристично присуството на липа која предизвикува потење и на тој начин ја намалува зголемената телесна температура, која често се јавува како симптом при настинки. Од друга страна, билките бозел, слатко дрвце и анасон предизвикуваат олеснување при искашлувањето, а доколку се работи за непродуктивна кашлица и смирување на кашлицата. Тимјанот има дезинфекциски својства и дејствува силно антисептично на целиот организам. Чајот против настинка се препорачува и како превентивно средство во периоди кога настинките се многу чести, а особено да се консумира во поголеми количини во период на самата настинка. Вкусот е исклучителен и благ, па пријатно дејствува и како благо енергетско средство. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 2 g
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи