00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

RUSTIC design (Панелни врати фарбани во една боја)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Пример за класичен дизајн и елегантно проектиран ентериер. За клиентите кои придаваат големо значење на традицијата и се чувствуваат добро во внатрешен простор изведен на класичен дизајн. Костурот на крилото е изработен од медијапан со дебелина од 32мм на кој се посатвени медијапански панели. Дебелината на крилото е 40мм. Касата е изработена од медијапан. Димензијата се утврдува по мерка во зависност од дебелината на ѕидот каде ќе се монтира. Первазите се широки 7цм, фарбани и достапни во заоблена и права форма. Крилото, касат и превазите се фарбани со заштитна, основна и завршна полиуретанска фарба од Италијанскиот производител MILESI со боја по желба на клиентот.
  • Категорија:Врати
  • Достапност:По нарачка
  • Продавач:КСБ дизајн
  • Гаранција:3 години
  • профил на компанијата

    КСБ дизајн

    • Опис на компанијата:KSB Design како бренд постои од 2008 година. Тој е резултат на долгогодишна и со генерации пренесена љубов кон производството на врати. Производствениот погон се наоѓа во Куманово. Новите методи и индустријализација на производството ни дозволуваат приспособување на разни предлози на врати по мерка и желба на клиентите. До денеска КСБ дизајн е израсната во компанија специјализирана во продажба, монтажа и сервис на собни врати. Својата дејност ја прошируваме и со производство на паркетни лајсни и рамки за уметнички слики, а исто така разработуваме и дизајн на иновативен мебел кој што ќе се појави наскоро на македонскиот пазар. Од самото формирање до ден денес напорно работиме на константно подобрување на квалитетот на вратите што ги нудиме, но уште повеќе на подобрување на услугата која не зближува со купувачот и не издвојува од конкуренцијата. Гаранцијата од 3 години го докажува квалитетот на нашиот производ.
    • Име на контакт лице:Бојковски
    • Адреса:бул.3-та Македонска Ударна Бригада 150
    • Поштенски број:1300
    • Град:Куманово , Македонија
    • Мобилен #:077500300
    • Телефон #:078305215
    • Факс #:078428664
    • Локација на мапа:Прикажи



    078305215

    корисничка поддршка