Куќа за продажба
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Ексклузивна куќа на влезот на нас.Злокуќани. Куќата е со вкупно 350м2 станбена површина издвоена на две нивоа, подрум прилагоден за живеење и приземен дел. Поставена на прекрасен плац од 3.000м2 дава визија на луксузна хациенда. Приземјето е со директен влез кон приватен хол и уште еден влез од дворот кон величенствениот салон споен со трпезариско седење и најмодерно опремена кујна. На истото ниво се и 3(три) спални со индивидуални бањи и гостински тоалет. Во подрумското ниво се летната кујна со салон, сауна, подрумски простории, гаража за 3(три) возила и просторијата за системот за греење(на нафта и струја). Дворот е целосно хортикултурно уреден, со прекрасни дворни детали ...бунар, фонтана, летно седење.... Се продава опремена или неопремена. Цена по договор
Категорија:Недвижнини - продажба
Достапност:Контакт
Продавач:Њу веј лтд
Земја на потекло:Македонија
профил на компанијата
Њу веј лтд
- Опис на компанијата:Сè започна во 1997 година, кога основачот на New Way Limited почна да обезбедува услуги поврзани со недвижности, низ главниот град, преку изнајмување и продажбa на: • Ексклузивни дуќани и канцеларии во центарот на градот • Луксузни апартмани и ексклузивни куќи • Недвижности во Македонија, Србија, Грција и Бугарија Со долгогодишното искуство во областа на корпоративно управување со недвижен имот, со одличното познавање на динамиката на пазарот и компаниите во одредени индустрии и со тоа што сме експерти за недвижен имот, ние имаме јасна визија за потребите на нашите ценети клиенти, што резултира со успешни зделки. New Way Limited е компанија која се фокусира на изанјмување и продажба на корпоративни недвижности, на станбени простори држејќи чекор со услугите на пазарот. Нашите агенти се посветени на Вашето задоволство преку исклучителниот сервис и највисокото ниво на професионализам. New Way Limited се залага за остварување на долгогодишни релации преку спроведување на бизнис на највисоко ниво на професионална етика. Ние Ви нудиме најразлични стилови на живот од кои можете да избирате. Нашите Агенти со своето знаење ќе одговорат на сите Ваши прашања во врска со вашите домови и новите опкружувања, а нашата достапност ќе ја запознаете и на главната web страна. Задоволство ни е да Ви обезбедиме лесен on-line пристап кон информациите за недвижности од портфолиото на New Way Limited. Нашиот web site www.newway.com.mk ќе Ви обезбеди прецизни и навремени информации поврзани со Вашите актуелни потреби за простор, како и за најновите случувања на пазарот,кои исто така можете да ги најдете во нашиот месечен NEWSLETTER, на нашиот web-site www.newsletter.mk . Нашата компанија Ви нуди широк спектар на локали, станови, апартмани, куќи,резиденции и деловен простор за изнајмување и продажба.
- Име на контакт лице:Сања
- Адреса:Вељко Влаховиќ 7-1/2
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:00 389 75 276 197
- Телефон #:023109358
- Факс #:023128664
- Локација на мапа:Прикажи